Унгарија почна да ги вакцинира здравствените работници


Унгарија денеска почна со вакцинирање на здравствените работници со вакцината на Фајзер/БиоНТек против коронавирусот, еден ден порано отколку во повеќето други земји на Европската Унија.

Унгарија, како и сите членки на ЕУ27, утрово ја прими првата пратка со вакцини против коронавирусот, што ќе биде доволно за имунизација на 4.875 лица.

Вакцините биле доставени до Будимпешта со полициска придружба.

– Почнавме со имунизација меѓу здравствените работници во согласност со претходно дефинираниот план, рече владин портпарол.

Првите вакцинации се вршат во главниот ковид центар во Будимпешта, Централната болница Дел-Пест, а попладне и во втората главна болница во Будимпешта.

Унгарија до денес има пријавено 315.362 случаи на Ковид-19 и 8.951 починати.