Карабатиќ избран за ракометар на деценијата, Лазаров најдобро десно крило


Французинот Никола Карабатиќ е најдобриот светски ракометар во деценијата што изминува, додека капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е прогласен за најдобро десно крило во изборот на реномираниот „Handball Planet“.

Францускиот капитен со српско потекло Никола Карабатиќ победи во изборот за ракометар на деценијата, освојувајќи најмногу гласови од 21-членото жири, составено од тренери, ракометни легенди и новинари.

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е прогласен за десно крило на деценијата, освојувајќи 34 гласови, девет повеќе од поранешниот унгарски репрезентативец Ласло Наѓ, додека третото место со десет бодови му припадна на ракометарот на Кјелце, Алекс Душебаев.

Тимот на деценијата, покрај Карабатиќ (плејмејкер) и Лазаров (десно крило), го сочинуваат уште Уве Генсхајмер (лево крило), Микел Хансен (лев бек), Лук Абало (десно крило), Хулен Агинагалде (пикер) и Тјери Омејер (голман), додека Виран Морос е прогласен за најдобар дефанзивец.