Сончево со умерена облачност и ветер од јужен правец


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во раните утрински претпладневни чсови ќе има локален слаб дожд во западните делови. Ќе дува умерен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до шест степени, а дневната максимална од девет до 21 степен. Во следните денови …

Сончево со умерена облачност и ветер од јужен правец Read More »

Почнува Велигденскиот пост


Имиња на постот Тоа е пост со повеќе имиња – повеќеимен пост. Се нарекува: Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за Празникот. Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение. Пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува Велигден – Новата Пасха или Новозаветна Пасха. Велики …

Почнува Велигденскиот пост Read More »

Викендот без јавни собири, препораката продолжува и неделава, нови случаи на коронавирус нема


Препораките воведени за заштита од коронавирусот да не се одржуваат јавни собири продолжуват и неделава. Викендов беа откажани јавни собири, а се откажаа и карневалите во Прилеп и Струмица. Нов потврден случај на коронавирус во земјава нема, а жената која е на Инфективната клиника од минатата недела позитивна на вирусот Ковид-19 е во добра здравствена …

Викендот без јавни собири, препораката продолжува и неделава, нови случаи на коронавирус нема Read More »

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи денеска во Скопје


Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата министерот Радман ќе има средба со министерот за надворешни работи  Никола Димитров, а ќе биде примени и од претседателот Стево Пендаровски. Хрватска е актуелен претседавач со Советот на ЕУ …

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи денеска во Скопје Read More »

Франција: 130 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус од крајот на јануари


Франција- Епидемијата на новиот коронавирус продолжува да се шири во Франција, со што таа станува второто жариште во Европа, со вкупно 130 заболени,  јави дописникот на МИА. Вкупно 130 лица сe заразени во земјата, од кои две лица починаа. До вчера 18 часот имало уште 100 потврдени случаи, од кои 9 во тешка состојба, 12 …

Франција: 130 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус од крајот на јануари Read More »

Европската комисија повторно препорачува отворање преговори со Македонија


„Северна Македонија ги зајакна своите напори и гарантираше натамошни опипливи и одржливи резултати во клучните области. Основата за Комисијата да препорача отворање на пристапните преговори со Северна Македонија останува и натаму валидна“, стои во извештајот на Европската комисија   Последната пречка што можеше да се појави пред одлуката на европските лидери на нивниот самит, според …

Европската комисија повторно препорачува отворање преговори со Македонија Read More »

Уште неколку работи за ТВ-дуелот меѓу Заев и Мицкоски


Ако Мицкоски се залага на сет глас за владеење на правото и правната држава, како тогаш си дозволува да претставува фалсификуван паричник, наводно купен на „Бит-пазар“, во една толку важна емисија   Се напишаа многу лажни и вистински вести за анкети околу тоа кој, наводно, ја добил дебатата на Канал 5 меѓу Зоран Заев и …

Уште неколку работи за ТВ-дуелот меѓу Заев и Мицкоски Read More »

Методологијата на ВМРО-ДПМНЕ против методологијата на ЕУ


   НАНО РУЖИН Изјавите на Мицкоски и останатите од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ за ревизија на Преспанскиот договор, се апсолутно спротивни на содржината на новата методологија на ЕУ Двата најзначајни мотори во политичкиот живот на секое мултипартиско општество се идеите и суетите. Оваа синтагма важи и за македонското политичко милје. Во изминатите три децении на домашната …

Методологијата на ВМРО-ДПМНЕ против методологијата на ЕУ Read More »

Голема победа на антикорупциските партии на изборите во Словачка


Братислава – Словачката опозиција предводена од партијата Обични луѓе и независни личности (ОЛаНО) освои емпатична победа на парламентарните избори во земјата, бидејќи гласачите лути од корупцијата ја исфрлија владејачката централна левица Смер, која доминира на политичката сцена повеќе од една деценија. Резултатите од изборите во саботата покажаа дека ОЛаНО, политички аморфно, про-ЕУ и про-НАТО движење, …

Голема победа на антикорупциските партии на изборите во Словачка Read More »

„Никогаш северна…“ повторно го раситнува десничарскиот табор


Додека врвот на ВМРО-ДПМНЕ навестува дека одбраната на старото уставно име и нападите на Преспанскиот договор ќе бидат основа на кампањата на претстојните избори, „Македонски концепт“ најави учество на изборите   Додека ВМРО-ДПМНЕ повторно  ја засилува кампањата против Преспанскиот договор, во десничарскиот табор, во пресрет на изборите, се случува ново раслојување, по слична линија како  …

„Никогаш северна…“ повторно го раситнува десничарскиот табор Read More »

Ѓоковиќ си постави цел да ја заврши сезоната без пораз


ОАЕ– Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ си постави многу амбициозна цел по победата на турнирот во Дубаи. Србинот го победи Стефанос Циципас во спорот за трофејот и ја забележа својата 21 победа по ред. Од почетокот на сезоната, Ѓоковиќ нема пораз. „Една од моите цели е да ја завршам сезоната без да загубам. Не. …

Ѓоковиќ си постави цел да ја заврши сезоната без пораз Read More »

Седми случај на коронавирус во Хрватска


Хрватска- Во Хрватска денеска е потврден уште еден случај на коронавирус, со што вкупниот број на заразени лица се зголеми на седум. Новиот случај е откриен во Загреб, кај пациент кој бил во близок контакт со лице од Риека. Загрепски Индекс.хр наведува од седумте заразени лица четири се од Риека, а три од Загреб.

Заев: Простувањето и помирувањето се одлики на големи народи


Почитувани граѓани, Христијани, и сите луѓе со добра воља, Денеска е Прочка. Празник на простувањето и помирувањето кој повикува да ги совладаме суетата и празното самозадоволство, и да си пружиме рака за помирување како одлика на чесни луѓе. Простувањето и помирувањето се одлики на големи народи. Бев првиот кој повика на помирување. На првата годишнина …

Заев: Простувањето и помирувањето се одлики на големи народи Read More »

Прочка – празник за проштавање и очистување од гревовите


Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштавањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите… се остатоци од претхристијанските пролетни забави. Празникот Прочка или Велики поклади, меѓу народот познат и како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, …

Прочка – празник за проштавање и очистување од гревовите Read More »

Сончево со умерена облачност и потопло, со слаб до умерен јужен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и потопло преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од минус шест до нула, а дневните од шест до 17 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со утринска температура од минус три и дневна до 14 степени. …

Сончево со умерена облачност и потопло, со слаб до умерен јужен ветер Read More »

Домашните телевизии остануваат на „програмата“ на операторите, одложен најавениот прекин за реемитување


Стапувањето во сила на одлуката на Здружението на информатичко-комуникациските технологии за прекин на реемитување на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март на полноќ, со исклучок на каналите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал, е одложено. Ваквата одлука е донесена по вчерашната средба на премиерот Оливер Спасовски и министерот за информатичко …

Домашните телевизии остануваат на „програмата“ на операторите, одложен најавениот прекин за реемитување Read More »

Први смртни случаи од коронавирусот во Австралија и Тајланд, прв заразен во Ирска


Австралија/ Тајланд – Австралиските здравствени власти информираа дека во земјата е регистриран првиот смртен случај од коронавирус, додека истовремено во Ирска е забележен првиот случај на заразен од вирусот. -Во Австралија денеска рано утринава од последици на заразата, во болница во Перт, почина 78-годишен маж, изјави претставикот на здравствените власти од Западна Австралија, Ендрју Роберстон. Станува …

Први смртни случаи од коронавирусот во Австралија и Тајланд, прв заразен во Ирска Read More »

Нема нови позитивни случаи на коронавирусот во земјава, властите апелираат да се почитуваат препораките


Резултатите на последните три лица, два завчера и едно вчера, кои беа тестирани за коронавирус се негативни, но властите сепак апелираат до граѓаните да се придржуваат до препораките доколку патувале во региони каде се е регистрирани случаи на болеста, како да се почитува одлуката за откажување на јавни собири. Министерот за здравство Венко Филипче вчера …

Нема нови позитивни случаи на коронавирусот во земјава, властите апелираат да се почитуваат препораките Read More »

Том Круз и екипата од „Невозможна мисија 7“ ставени во карантин во Италија


Италија – Холивудскиот актер Том Круз и екипата на филмот „Невозможна мисија 7“, што се снима во Венеција, се сместени во карантин заради коорнавирусот што се шири низ Италија. Веста ја пренесе весникот „Џерусалем пост“ , повикувајќи се на британскиот актер Сајмон Пејџ. Тој наведува дека Том Круз допатувал во Италија на 20 февруари заради снимање …

Том Круз и екипата од „Невозможна мисија 7“ ставени во карантин во Италија Read More »

Иранскиот филм „Нема зло“ ја освои „Златната мечка“ на Берлинале


Германија– Иранскиот филм „Нема зло“ на режисерот Мухамед Расулофа, синоќа ја освои наградата „Златна мечка“ на 70. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, соопшти претседателот на жирито Џереми Ајронс. Филмот, кој низ четири приказни ги тематизира прашањата на смртната казна во Исламската Република, е забранет во земјата, а на режисерот не му беше дозволено да го напушти …

Иранскиот филм „Нема зло“ ја освои „Златната мечка“ на Берлинале Read More »