Сончево со умерена облачност и потопло, со слаб до умерен јужен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и потопло преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од минус шест до нула, а дневните од шест до 17 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со утринска температура од минус три и дневна до 14 степени.

Во следните три дена ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од еден до девет, а максималните од 11 до 19 степени.