Седми случај на коронавирус во Хрватска

Хрватска- Во Хрватска денеска е потврден уште еден случај на коронавирус, со што вкупниот број на заразени лица се зголеми на седум.

Новиот случај е откриен во Загреб, кај пациент кој бил во близок контакт со лице од Риека.

Загрепски Индекс.хр наведува од седумте заразени лица четири се од Риека, а три од Загреб.