Замрзнати цените на леб, сол, зејтин, млеко…


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи работен состанок со сопствениците на најголемите супермаркети во земјата. На состанокот ќе се дискутира за мерките за спречување на ширење на вирусот КОВИД-19, како и за цените на основните производи во трговските синџири. Владата на синоќешната седница донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти: леб, …

Замрзнати цените на леб, сол, зејтин, млеко… Read More »

Дополнителни мерки на Владата за спречување на внесување и ширење на коронавирусот


Владата го разгледа разгледа Записникот од Првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид 19, одржан на 16 март 2020 година и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, ги усови следниве заклучоци: 1.Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Центарот за …

Дополнителни мерки на Владата за спречување на внесување и ширење на коронавирусот Read More »

Лидерите на партиите на средба кај Пендаровски


Претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи денеска во кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе одржат лидерска средба. Единствена точка на дневниот ред на лидерската средба што ја свика шефот на државата е одложување на парламентарните избори. …

Лидерите на партиите на средба кај Пендаровски Read More »

Макрон го одложи вториот круг од локалните избори


Во вечерашното обраќање до нацијата францускиот претседател Емануел Макрон, најавувајќи драстични мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, објави дека се одложува вториот круг на локалните избори што требаше да биде одржан идната недела. Во исто време, тој ги суспендира сите предвидени реформи, „почнувајќи со пензиската реформа“, со што сите владини средства ќе бидат алоцирани …

Макрон го одложи вториот круг од локалните избори Read More »

Се затвораат Меѓународниот аеродром „Скопје“ и сите копнени гранични премини


Се прават напори сите наши државјани заглавени на границите во трети замји да се вратат во татковината Се затвора Меѓународниот аеродром во Скопје освен за државни, воени, карго и хуманитарни и празни летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на одлуката, соопшти вечерва на прес конференција министерот за здравство, Венко …

Се затвораат Меѓународниот аеродром „Скопје“ и сите копнени гранични премини Read More »

Аеродромот во Скопје ќе биде затворен од среда


Владата донесе одлука од среда да биде затворен и аеродромот во Скопје, освен за државни и медицински цели, како и за карго пратки. Министерот за здравство, Венко Филипче, информира и дека владата одлучила да се затворат и сите гранични премини освен за влез и транзит на товарни возила и за претставниците на дипломатскиот кор, како …

Аеродромот во Скопје ќе биде затворен од среда Read More »

Уште пет нови заразени со корона вирусот, за двајца се чека резултат утре


Министерот за здравство Венко Филипче вечерва објави дека утрово беа тестирани седум лица. Позитивна била пациентка на 54 години, која пред неколку дена се вратила од Холандија. Таа била во самоизолација неколку дена. Контактирани се сите членови на семејството, најден е возачот на таксито што ја возел од аеродромот до Скопје. Се контактираат 31 лице …

Уште пет нови заразени со корона вирусот, за двајца се чека резултат утре Read More »

Телефоните за психолошка поддршка


На следните телефони треба да се јавите доколку ви е потребна психолошка поддршка во справувањето со ситуацијата околу корона вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, денеска најави воведување ваква мерка, а потоа ги обајви и телефонските броеви кои им се на располагање на граѓаните.

Залихите на енергенти доволни за четири месечно функционирање на државата


Стоковите резерви во државата во делот на енергенти и во делот на продукти се на нивото кое е неопходно според меѓународните стандарди, оцени вечерва претседателот Стево Пендаровски. „Имаме доволно енергенти во овој момент за најмалку четири месеци за нормално функционирање на државата. Оценката што ја изнесов е врз основа на писмена документација и документ кој …

Залихите на енергенти доволни за четири месечно функционирање на државата Read More »

Министерот Бектеши смирува, има доволно залихи на храна, ако треба ќе се замрзнат цените


Нема место за паника, има доволно залихи, особено за основните производи. Ги следиме трендовите и на увоз и на извоз на соодветните продукти и навремено ќе известиме за секакви мерки што ќе ги преземе Владата по првично направени детални анализи. Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши по вонредната контолата на маркетот на КАМ …

Министерот Бектеши смирува, има доволно залихи на храна, ако треба ќе се замрзнат цените Read More »

Спасовски со поглаварите на верските заедници за заштита на здравјето на верниците


Техничкиот премиер Оливер Спасовски, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглавари на верските заедници во земјава, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, на Католичката црква, …

Спасовски со поглаварите на верските заедници за заштита на здравјето на верниците Read More »

Германија ги затворa рестораните, баровите, музеите, кината, места за богослужба


Ангела Меркел објави серија драстични мерки за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 во Германија, вклучително и затворање на места за богослужба, игралишта и несуштински продавници. Говорејќи на прес-конференција во Берлин во понеделникот попладне, германската канцеларка издаде нови упатства за ограничување на социјалните собири, што земјата се очекува да ги спроведе во наредните денови. Мерките …

Германија ги затворa рестораните, баровите, музеите, кината, места за богослужба Read More »

Стрмоглав пад на акциите на Вол стрит


Ниту драстичното намалување на каматната стапка од страна на Федералните резерви на САД, која сега е речиси блиску до нула, не успеа да го намали паѓањето на акциите на Вол стрит во Њујорк. Во 13 часот по локално време, само три часа по отворањето на берзата, акциите паднаа за 10,27 отсто. Вредноста на индексот Дау …

Стрмоглав пад на акциите на Вол стрит Read More »

Италија ќе предложи до УЕФА да се одложи ЕП 2020


Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина истакна оти ќе побара ЕП 2020 да биде одложен поради појавата на коронавирусот и истовремено изрази надеж дека сезоната во Серија А ќе може да заврши. „Ќе и предложиме на УЕФА да го одложи Европското првенство. Се надевам дека ќе успееме да дојдеме до крај на тековната …

Италија ќе предложи до УЕФА да се одложи ЕП 2020 Read More »

МВР на владина седница ќе предложи превентивни мерки за здравјето и безбедноста на граѓаните


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот официјален фејсбук профил ги објави мерките што МВР вечерва ќе ги предложи на владината седница во насока на преземање превентивни мерки за обезбедување на здравјето и безбедноста на граѓаните. Една од мерките што се предлага е Управните служби да работат со променето работно време, односно во Скопје …

МВР на владина седница ќе предложи превентивни мерки за здравјето и безбедноста на граѓаните Read More »

(ВИДЕО) Советот за безбедност не прогласи ни кризна ни вонредна состојба


Советот за безбедност, кој се состана по барање на претседателот Стево Пендаровски, не донесе одлука за прогласување ни кризна состојба на целата територија на земјата. ни вонредна. Можно е Владата, без да прогласи вонредна состојба да го ограничи движењето на граѓаните, рече претседателот Пендаровски оценувајќи ги како прилично широки досегашните мерки. -На територијата на земјата …

(ВИДЕО) Советот за безбедност не прогласи ни кризна ни вонредна состојба Read More »

Од короната денеска во Италија умреа 349 лица


Во Италија денеска се регистрирани 2.470 нови инфицирани лица од Ковид-19, што е за 400 помалку од вчера, но бројот на починатите само малку се намалил. Комесарот за кризата Анџело Борели објави дека денеска починале 249 лица, што е за 19 помалку од вчера. Вкупно, од вирусот досега се заразени 27.890 лица, а починале 2.158. …

Од короната денеска во Италија умреа 349 лица Read More »

Путин доби уште два мандати


 Уставниот суд на Русија денеска го одобри Законот за уставни измени со кој ќе се овозможи рускиот претседател Владимир Путин да остане на власт уште 16 години. Законот допрва треба да биде одобрен на национален референдум закажан за 22 април.Одобрувањето на Судот дојде само два дена откако Путин го потпиша Законот. Според сегашниот закон, Путин …

Путин доби уште два мандати Read More »

Само седум патници на летот Скопје – Барселона


Авионот на „Визер“ што од Скопје за Барселона полета денеска нешто пред 18 часот имаше само седум патници, плус членовите на екипажот. Очигледно, во Шпанија заминале само оние што требале да се вратат дома, а не поради туризам. Шпанија воведе кризни мерки за заштита од забрзаното ширење на корона вирусот, но засега не е затворен …

Само седум патници на летот Скопје – Барселона Read More »

ТАВ Македонија со препораки за патниците на Скопскиот аеродром


Аеродромскиот оператор во државава ТАВ Македонија ги замолува сите патници на Меѓународниот аеродром Скопје да одржуваат највисоко ниво на лична хигиена и да не создаваат непотребен метеж, држејќи ја препорачаната дистанца едни од други која што важи за затворените простории, согласно мерките на Владата. Тоалетите, каде што патниците можат да ги измијат рацете со сапун, …

ТАВ Македонија со препораки за патниците на Скопскиот аеродром Read More »