Германија ги затворa рестораните, баровите, музеите, кината, места за богослужба


Ангела Меркел објави серија драстични мерки за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 во Германија, вклучително и затворање на места за богослужба, игралишта и несуштински продавници.

Говорејќи на прес-конференција во Берлин во понеделникот попладне, германската канцеларка издаде нови упатства за ограничување на социјалните собири, што земјата се очекува да ги спроведе во наредните денови.

Мерките вклучуваат затворање барови, клубови, театри, музеи, кина, саеми и бордели, како и забрана за богослужба во цркви, џамии и синагоги.

Голем број на продавници ќе бидат ослободени од ограничувањата и може да им биде дозволено да ги отворат своите врати в недела, рече канцеларката. Тие вклучуваат супермаркети, аголни продавници, аптеки, бензински пумпи, банки, пошти, фризери, продавници за хардвер и услуги за испорака.

Рестораните треба да ги отворат своите врати од шест часот наутро до 18 часот.