Само седум патници на летот Скопје – Барселона


Авионот на „Визер“ што од Скопје за Барселона полета денеска нешто пред 18 часот имаше само седум патници, плус членовите на екипажот. Очигледно, во Шпанија заминале само оние што требале да се вратат дома, а не поради туризам. Шпанија воведе кризни мерки за заштита од забрзаното ширење на корона вирусот, но засега не е затворен воздушниот простор за летови од странство.