Уште пет нови заразени со корона вирусот, за двајца се чека резултат утре


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва објави дека утрово беа тестирани седум лица. Позитивна била пациентка на 54 години, која пред неколку дена се вратила од Холандија. Таа била во самоизолација неколку дена. Контактирани се сите членови на семејството, најден е возачот на таксито што ја возел од аеродромот до Скопје. Се контактираат 31 лице што биле со неа во авионот од Виена. Таа е со лесна клиничка слика и е хоспитализирана. Сега на Инфективната клиника има 14 лица.

Попладнево се тестираа уште 10 други лица, седум од Дебар (четири се позтитивни), тројца други се негативни. Во клиниката „Жан Митрев“ се јавиле две лица со симптоми на грип, таму направиле тестови кои биле позитивни. Филипче изјави дека тие тестови треба да се погледнат уште еднаш заради усогласување на методот на тестирање. Тие ќе бидат тестирани утре.