Од короната денеска во Италија умреа 349 лица


Во Италија денеска се регистрирани 2.470 нови инфицирани лица од Ковид-19, што е за 400 помалку од вчера, но бројот на починатите само малку се намалил. Комесарот за кризата Анџело Борели објави дека денеска починале 249 лица, што е за 19 помалку од вчера. Вкупно, од вирусот досега се заразени 27.890 лица, а починале 2.158. Од заболените 2.749 се излекувани. Денеска бројот на излекуваните е 414, а вчера тој број беше 369.