Аеродромот во Скопје ќе биде затворен од среда


Владата донесе одлука од среда да биде затворен и аеродромот во Скопје, освен за државни и медицински цели, како и за карго пратки. Министерот за здравство, Венко Филипче, информира и дека владата одлучила да се затворат и сите гранични премини освен за влез и транзит на товарни возила и за претставниците на дипломатскиот кор, како и за други лица за кои МВР ќе даде мислење