ИЈЗ е единствена референтна лабораторија за тестирања од Ковид-19, досега се направени 258 тестирања


Институтот за јавно здравје како единствена референтна лабораторија во државата со сите расположливи капацитети успешно се справува со состојбата. Во таа насока се координирани сите потенцијали за спречување на ширење на корона вирусот. Во референтините лаборатории досега се направени 258 тестови за детектирање на Ковид-19. И бројките на позитивните и секако негативните случаи, се трансферираат …

ИЈЗ е единствена референтна лабораторија за тестирања од Ковид-19, досега се направени 258 тестирања Read More »

Спасовски: Стокови резерви имаме доволно, во овој момент нема потреба од нивно активирање


Стокови резерви имаме доволно, обезбедени сме за повеќе од шест-седум месеци, но граѓаните треба да знаат дека во овој момент немаме потреба ниту од активирање на механизмот на стоковите резерви, ниту на што било друго, информираше денеска премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата по повод вонредната состојба. Тој појасни дека транспортот на стоки е …

Спасовски: Стокови резерви имаме доволно, во овој момент нема потреба од нивно активирање Read More »

Дука апелира до Владата за заштитни средства за здравствените работници


Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, кој раководи со општинскиот Оперативен штаб, на денешната редовна средба со новинарите, апелираше до централната власт да обезбеди заштини средства за здравствениот кадар во градот. -Вчера се тестирани 19 лица при што тројца од нив се позитивни на коронавирус. Имам информации дека тројцата се здравстени работници.Затоа оценуваме дека здравствените работници не …

Дука апелира до Владата за заштитни средства за здравствените работници Read More »

Стигнале 5.000 нови пасоши


Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев соопшти дека во текот на денешниот ден треба да пристигнат  5.000 обрасци за пасоши, а до 24 март ќе заврши набавката на останатите 140.000 обрасци. Иако никој не може да излезе од државата во моментов и иако работата на институциите е замрена, ова е најава дека ќе почне да …

Стигнале 5.000 нови пасоши Read More »

МВР чува 2.268 лица со наредби за самоизолација


Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев денес информираше за активностите на МВР за справување со пандемијата, при што соопшти дека поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува 2.268 лица кои се во самоизолација, од кои 1.000  во Скопје. „ Да се пријавува секое непочитување на препораките за …

МВР чува 2.268 лица со наредби за самоизолација Read More »

НБ и МФ: Банкарскиот систем е стабилен


Народната банка и Министерството за финансии координирано ги следат состојбите во економијата и потенцијалните ризици заради соодветно делување, информираат од Народната Банка на Република Северна Македонија. Во соопштението на Народна Банка, се вели дека денеска се одржала електронска седница на Комитетот за финансиска стабилност – меѓуинституционално тело за следење на состојбите во финансискиот систем во …

НБ и МФ: Банкарскиот систем е стабилен Read More »

200 мртви во еден ден во Шпанија од Ковид-19


Министерството за здравство на Шпанија во четвртокот соопшти дека бројот на починати од епидемијата на корона вирус порасна за 209 во однос на претходниот ден и сега вкупниот број жртви изнесува 767. Вкупниот број на случаи на корона вирусот се искачи на 17,147 во четвртокот. Во средата, во Шпанија имало 13.716 случаи.

За Александар Николоски се што прави Владата е смешно и недоволно


Има најави за отпуштања на огромен број  вработени -тврдеше денеска апокалиптички потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на прес-конференција. За него се што прави Владата околу епидемијата со корона вирусот е или смешно или презадоцнето, дека не учат (од советите на ВМРО-ДПМНЕ), дека се неспособни и дека се што прават сега требало да направат пред еден …

За Александар Николоски се што прави Владата е смешно и недоволно Read More »

Холандскиот министер за здравство колабира во Парламентот


Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс (56) денеска се онесвести во Парламентот. Тој  колабира на говорница додека слушаше прашање од пратеник, а помош му пружија присутните министри. – Уморот се наталожи изминатите недели, но сега се чувствувам подобро. Одам дома да се одморам за утре да продолжам да се борам против коронавирусот, истакна Бруинс во …

Холандскиот министер за здравство колабира во Парламентот Read More »

Германската економија ќе падне меѓу 4,5 и 9 отсто во 2020 година


Институтот IfW во Германија во четвртокот ја ревидираше прогнозата за раст во 2020 година за најголемата економија во Европа, како резултат на појавата на корона вирусот, предвидувајќи бруто домашниот производ да се намали меѓу 4,5 и девет отсто оваа година.

(Во живо) Прес-конференција на министерот за образование и наука Адеми


Министерот за образование и наука, Арбер Адеми заедно со проф. д-р Никола Јанкуловски – претседател на Интеруниверзитетска конференција и проф. д-р Томе Неновски претседател на Конференција на приватни високообразовни установи на Република Северна Македонија ќе одржат прес-конференција во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија.

Во Грција родено првото бебе од мајка позитивна на коронавирусот


Во Грција вчера се роди првото бебе од мајка заразена со коронавирусот, а пак резултатите од првиот брз тест за Ковид-19 на новороденчето се негативни, јави дописничката на МИА од Атина. Во неделата, 24-годишната мајка имала симптоми на грип, а по направената анализа за коронавирусот, позитивни биле и нејзините резултати и резултатите на нејзиниот сопруг. …

Во Грција родено првото бебе од мајка позитивна на коронавирусот Read More »

Димитров: Важно е сите наши државјани надвор од земјава да се евидентираат во ДКП-ата за да им помогнеме


Министерството за надворешни работи денеска во 17 часот ќе напарви пресек колку и каде се има наши државјани надвор од државава, по што ќе преземе активности за нивно враќање дома, истовремено водејќи сметка и за другиот државен интерес, а тоа е да не се зголеми драстично ризикот по здравјето на населението тука, изјави денеска министерот …

Димитров: Важно е сите наши државјани надвор од земјава да се евидентираат во ДКП-ата за да им помогнеме Read More »

Пауновски: Сите цени кои се зголемени по 11 март, ќе бидат вратени


Граѓаните не треба да имаат паника од зголемување на цените на основните артикли. Трговците и производителите имаат дадено збор дека нема да вршат зголемување, а сите цени кои се зголемени после 11 март 2020 година, согласно одлуката на Владата, ќе треба да се вратат на нивото на кое биле дотогаш. Ова го истакна директорот на …

Пауновски: Сите цени кои се зголемени по 11 март, ќе бидат вратени Read More »

Спасовски: Ќе бидеме ригорозни кон тие што не се самоизолираат


Техничкиот премиер Оливер Спасовски оцени дека вонредната состојба е најдобра одлука за нас за да може Владата да носи уредби со законска сила. Според него на терен се се одвива како и вчера, освен во Дебар и Центар Жупа. „Сакам да ве уверам дека денес неколку часа по одлуката за вонредната состојба ние сите заедно …

Спасовски: Ќе бидеме ригорозни кон тие што не се самоизолираат Read More »

Коронавирусот значи дека можеби ќе треба да го смените начинот на перење облека и постелнина


САД (Cosmopolitan)- Бидејќи коронавирусот  е во центарот на вниманието на светската јавност, а владите ширум светот носат разни контролни мерки кои се движат од карантин до социјално растојание, најверојатно ќе се обидете да дознаете сè што можете да направите за да помогнете во ограничување на ширењето на вирусот. Покрај тоа што внимателно ги миете рацете …

Коронавирусот значи дека можеби ќе треба да го смените начинот на перење облека и постелнина Read More »

Зелен коридор во ЦЕФТА регионот за камиони со храна и медицинска опрема


Директорите на царините од  ЦЕФТА регионот попладне преку видео конференција треба да договорат воспоставување т.н. зелен коридор со приоритетни ленти за камионите со храна, репроматеријали за прехранбената индустрија, за медицинска опрема и материјали, информира денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски. На состанок во Министерството за економија денеска се расправаше за барањето на прехранбениот и …

Зелен коридор во ЦЕФТА регионот за камиони со храна и медицинска опрема Read More »

Нина Ангеловска: ДДВ се враќа најбрзо што може


Министерството за финансии ќе направи се што може Данокот на додадена вредност да се враќа што побрзо кон фирмите со цел да се заштити и да се подобри нивната ликвидност, рече денес министерката за финансии Нина Ангеловска. Во текот на овој месец веќе се исплатени односно вратени кон фирмите 1,6 милијарди денари ДДВ. „Оваа недела …

Нина Ангеловска: ДДВ се враќа најбрзо што може Read More »

Во Белгија уште седум мртви и 187 заболени од коронавирусот


Дневната пресметка на здравствените власти денеска во Белгија изнесува 187 нови заболени во земјата, и седум починати. Болниците подготвуваат нови стратегии, јавува дописничката на МИА. И покрај мерките на изолација, 1795 лица се заразени од коронавирусот во Белгија, а вкупниот број мртви достигна 21 денеска. Најголемиот број заразени се наоѓа во Фландрија, на северот, најмал …

Во Белгија уште седум мртви и 187 заболени од коронавирусот Read More »

Стопиран патничкиот авиосообраќај во Србија, 97 заразени


Во Србија утринава се регистрирани 97 случаи на заразени со вирусот Ковид-19, веќе четврти ден во сила е вонредна состојба, од синоќа од 20 часот до 05 на сила беше полициски час и забрана за излегување на постарите од 65 години, а граѓаните во повеќе градови во 20 часот синоќа аплаудираа во поддршка на медицинските …

Стопиран патничкиот авиосообраќај во Србија, 97 заразени Read More »