Вучиќ не се чувствува добро: Ќе се обрати на нацијата во следните 48 часа


Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе ѝ се обрати на нацијата во следните 48 часа. Како што рече министерот за финансии Синиша Мали, претседателот на присуствува на прес-конференцијата за економските мерки по повод ситуацијата настаната поради епидемијата со корона вирусот затоа што не се чувствува добро. Тој ќе им се обрати дури за два дена.

ФИФА ќе ги спасува клубовите од финансиски колапс


Швајцарија– Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) работи на создавање на фудбалски „Маршалов план“ за да ги спаси клубовите од претстојниот финансиски колапс заради глобалната пандемија на коронавирусот КОВИД-19. ФИФА има 2,7 милијарди американски долари финансиски резерви и можно е голем дел од нив да одат за да им помогнат на федерациите и клубовите кои имаат потешкотии. …

ФИФА ќе ги спасува клубовите од финансиски колапс Read More »

Француски ветеринари: Мачките и кучињата не треба да се дезинфицираат со алкохол


Франција– Француското здружение на ветеринари денеска предупреди дека домашните миленици, особено кучињата и мачките не треба да се дезинфицираат со средства на база на алкохол, бидејќи може да бидат штетни за нив, и оти е доволно шепите да им се измијат со вода и сапун. Во епидемијата, многу сопственици на животни самостојно преземале некои опасни …

Француски ветеринари: Мачките и кучињата не треба да се дезинфицираат со алкохол Read More »

Министер повика првоаприлскиот хумор да биде само смешен, не и опасен


Министерот за внатрешни работи на Хрватска Давот Божиновиќ апелираше до граѓаните првоаприлскиот хумор да биде само смешен, а не да дезинформира и да стане опасен. Додава дека очигледно, хуморот што се шири изминатите денови служи како лек. „Навистина има добри штосови на сметка на целата оваа ситуација. Но, би ги замолил сите утрешниот 1 април …

Министер повика првоаприлскиот хумор да биде само смешен, не и опасен Read More »

Италија: Нови 837 починати, се намалува бројот на заболени, се повеќе излечени


Во Италија, во последните 24 часа, од корона вирус починаа 837, додека новозаразени се 2.107. Италијанците веруваат дека се на врвот на борбата со вирусот, со оглед на тоа дека сите бројки, освен бројот на мртви, опаѓаат, додека бројот на излечени расте. За еден ден излечени се 1.109 лица. 

Заев ги поздрави мерките: Државата ги спасува работните места


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во реакција на Фејсбук изрази задоволство што Владата прифатила и усвоила голем дел од економските мерки „што ги предложивме јас и економскиот тим на СДСМ, но и донесе дополнитени мерки“. Според него, ова се сериозни чекори кои ќе значат зачувување на работните места на граѓани во фирмите погодени од кризата …

Заев ги поздрави мерките: Државата ги спасува работните места Read More »

Германските зоолошки градини бараат помош од 100 милиони евра


Германските зоолошки градини кои се затворени како резултат на пандемијата на коронавирусот, денеска побараа од државата помош од 100 милиони евра. -За разлика од другите установи, ние не можеме да преминеме во режим на штедење. Животните треба да продолжат да се хранат, изјави Јерг Јунхолд, директор на зоолошката градина во Лајпциг и претседател на германската …

Германските зоолошки градини бараат помош од 100 милиони евра Read More »

Мицкоски не најде добар збор за пакетот мерки на Владата


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својата брза реакција по обелоденувањето на вториот пакет мерки на Владата за справување со последиците од корона вирусот го оцени како задоцнет и недоволен. „Не викам дека нема поединечни мерки кои не се добри и нема да помогнат. Но ви викам, ви тврдам дека целиот пакет за помош не …

Мицкоски не најде добар збор за пакетот мерки на Владата Read More »

Штипскиот авантурист Христијан Митев заглавен во Перу


Дваесет и шестгодишниот Христијан Митев од Штип е во градот Куско во Перу. Штипјанецот што сам го истражува светот е заглавен во овој град, а поради пропуст, не се најде на списокот на патници кои во саботата стигнаа во државава со чартер лет од Бразил. Пропустот е направен, бидејќи дописот наместо до Амбасадата во Бразил, …

Штипскиот авантурист Христијан Митев заглавен во Перу Read More »

ЛДП бара солидарност на крупниот капитал


Либерално-демократската партија го поддржа вториот пакет мерки што го усвои Владата и ги повикува големите и моќни компании, како и оние кои можат да ја покажат општествената солидарност, да го поддржат фондот кој го направи Владата за надминување на кризата со Ковид-19. ЛДП нагласува дека мерките произлегуваат од демократската дебата која Македонија покажа дека може …

ЛДП бара солидарност на крупниот капитал Read More »

Кај двајца починати пациенти се прават тестови за корона вирус


Се уште не се стигнати резултатите за двајца пациенти, еден од Битола и една жена од Лабуништа, кои починале, а за кои не е утврдено дали биле заболени од Ковид 19, рече министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција. Мажот од Битола, бил во самоизолација, откако се вратил од Англија, каде живее неговото семејство. Пациентот од …

Кај двајца починати пациенти се прават тестови за корона вирус Read More »

Што содржи вториот пакет мерки на Владата (интегрално)


На денешната седница Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справување со последиците од кризата врз стопанството. Станува збор за сет од 17 мерки кои ги објавуваме во целост. Со мерката број 1 што денеска е утврдена на седницата на Владата се предвидува финансиска поддршка за правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската …

Што содржи вториот пакет мерки на Владата (интегрално) Read More »

Бугарија го укинува задолжителното носење заштитни маски


Бугарија– Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев изјави денеска дека е укината мерката за задолжително носење заштитни маски за лице, во затворен и на отворен простор. Тој рече дека мерката е воведена во понеделникот за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, но поради немање на јавен консензус, мерката ќе остане само препорака. Тој најави …

Бугарија го укинува задолжителното носење заштитни маски Read More »

Седум македонски граѓани донесени од Перу во Европа


Министерството за надворешни работи информираше дека уште седум македонски граѓани се репатрирани од Лима, Перу на европско тло. Во организација на македонската амбасада во Бразилија, а во соработка со МНР на Португалија, утрово авионот на португалскиот авиопревозник ТАП слета во Лисабон, од каде нашите граѓани го продолжија враќањето кон земјата. Од сите досега пријавени  за …

Седум македонски граѓани донесени од Перу во Европа Read More »

Том Хенкс: Веќе сме дома и не излегуваме никаде


САД – Актерот Том Хенкс, по две седмици во карантин во Австралија, се врати во својот дом во Лос Анџелес, па на Твитер сподели како се чувствува oткако кај него и неговата сопруга Рита Вилсон беше дијагностицирано присуство на коронавирусот. Во Австралија претходно, Хенкс снимаше биографски филм за Елвис Присли. „Здраво на сите… Ние сме дома, …

Том Хенкс: Веќе сме дома и не излегуваме никаде Read More »

ИКЕА ќе произведува медицински маски


Шведска – Шведската компанија ИКЕА ќе започне производство на заштитна опрема за болнички работници, кои се на најголем удар во борбата против новиот коронавирус. Конкретно станува збор за изработка на медицински маски и престилки. Според Хенрик Елм, менаџер за набавки на компанијата, ИКЕА се соочува со одложување на испораката поради ширењето на коронавирусот во Европа и …

ИКЕА ќе произведува медицински маски Read More »

(Во живо) Прес на министерот Филипче


Проследете ја прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче за најновата состојба со корона вирусот. Денеска има уште две нови жртви, но најголем број заболени во еден ден – 44.

Синдикатот ја пофали Владата бидејќи не ги намали платите на администрацијата


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) по објавувањето на вториот сет владини мерки излезе со соопштение во кое го поздравува ставот на Владата да нема намалување на платите на вработените во јавниот и приватниот сектор. Во соопштението се наведува дека мерките биле усогласени на денешната седница на  Економско-социјалниот совет и оти конструктивниот социјален дијалог е …

Синдикатот ја пофали Владата бидејќи не ги намали платите на администрацијата Read More »

ССК се огради од мерките на Владата, не биле доволни и нема да ги постигнат очекуваните резултати


Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза, велат од Сојузот на стопански комори   Сојузот на стопански комори денес се огради од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека тие барале системски мерки за сите засегнати микро, мали и средни претпријатија без оглед на дејноста, …

ССК се огради од мерките на Владата, не биле доволни и нема да ги постигнат очекуваните резултати Read More »

Истражување: Изолацијата поради коронавирус можеби спаси 59.000 животи во 11 европски земји


Изолацијата и другите преземени мерки за да се спречи ширењето на епидемијата на Ковид-19 спасија животи на 59.000 луѓе во 11 европски земји, повеќето од нив во Италија – 38.000, тврдат британски научници. – Благодарение на мерките преземени до крајот на март, проценуваме дека е спречена смртта на 59.000 луѓе во 11 држави до 31 …

Истражување: Изолацијата поради коронавирус можеби спаси 59.000 животи во 11 европски земји Read More »