ЛДП бара солидарност на крупниот капитал


Либерално-демократската партија го поддржа вториот пакет мерки што го усвои Владата и ги повикува големите и моќни компании, како и оние кои можат да ја покажат општествената солидарност, да го поддржат фондот кој го направи Владата за надминување на кризата со Ковид-19.

ЛДП нагласува дека мерките произлегуваат од демократската дебата која Македонија покажа дека може да ја води и во кризни моменти и повикува на конструктивен пристап во доставувањето на предлози за заедничко надминување на кризата.