Кај двајца починати пациенти се прават тестови за корона вирус


Фото: Б. Грданоски

Се уште не се стигнати резултатите за двајца пациенти, еден од Битола и една жена од Лабуништа, кои починале, а за кои не е утврдено дали биле заболени од Ковид 19, рече министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Мажот од Битола, бил во самоизолација, откако се вратил од Англија, каде живее неговото семејство.

Пациентот од Куманово што почина ноќеска од корона вирусот, бил во контакт со член на семејството кој пред две недели бил на патување во Франција.

Во моментот 54 пациенти се на на Инфективната клиника, од кои 20 се на кислородна поддршка.

Потврдени се 44 нови случаи во изминатите 24 часа и два смртни случаи.

Вкупниот број на тестови направени кај нас е 3.518 од почетокот на пандемијата кај нас.

Во Козле, Заводот за рехабилтација престана со работа, двајца се префрлени на клиниката за инфективни болести. За 16 се чекаат резултати. Сите пациенти услуга ќе бараат од „8 Септември“.

Во градската болница „8 Септември“, пак ќе се забрзаат работите, со оглед на тоа што доаѓаат пациенти за други болести. Еден мобилен тим ќе зема брисеви од таму.

Во функција е пунктот во Чаир, а утре се отвора и „Млин Балкан“. До крајот на неделата ќе профункционираат сите пунктови во цела држава во здравствените домови.

Пациентот кој на 31 годишна возраст почина од Ковид 19, од Куманово, во анамнезата не кажал дека има претходни заболувања, но сепак, специјалистите кои претходно ги консултирал велат дека кажал за минати болести.

Во однос на болницата во Охрид, каде директорката беше разрешена, Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврдил пропусти.

„Завршен е увидот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Утврден е пропуст и ќе бидат преземени сите мерки. Новиот директор ја презема целата болница и прави реорганизација“, рече Филипче.