Министер повика првоаприлскиот хумор да биде само смешен, не и опасен


Министерот за внатрешни работи на Хрватска Давот Божиновиќ апелираше до граѓаните првоаприлскиот хумор да биде само смешен, а не да дезинформира и да стане опасен.

Додава дека очигледно, хуморот што се шири изминатите денови служи како лек.
„Навистина има добри штосови на сметка на целата оваа ситуација. Но, би ги замолил сите утрешниот 1 април да не ги поттикне на шеги кои би можеле да станат дезинформации“, рече Божиновиќ.
Како пример наведе дека некој на шега би можел да објави дека е пронајден лек против корона вирусот или дека е укината некоја мерка, а тоа повеќе не би било смешно, туку опасно.
„Затоа ги повикувам сите утре хуморот да остане само смешен“, вели Божиновиќ, пренесе порталот Индекс.