Заев ги поздрави мерките: Државата ги спасува работните места


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во реакција на Фејсбук изрази задоволство што Владата прифатила и усвоила голем дел од економските мерки „што ги предложивме јас и економскиот тим на СДСМ, но и донесе дополнитени мерки“.

Според него, ова се сериозни чекори кои ќе значат зачувување на работните места на граѓани во фирмите погодени од кризата со корона вирусот, мерки што ќе значат гарантиран приход кај секој работник додека трае кризата.

„Ова се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, ова се мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата.

Денес, сите ние поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите сме ставени пред важен тест. Тој тест ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг“, напиша Заев.