ЕК: Социјалните лекции од оваа криза ќе бидат целосно одразени во нашите политики


Еврокомесарот за труд и социјални прашања Никола Шмит, по повод Први мај, порача дека Европската Комисија ги научи лекциите од кризата со Ковид-19 и вети дека ќе се гради „праведна, силна и социјална“ Европа, јави дописничката на МИА од Брисел. Шмит по повод Меѓународниот ден на работниците, Први мај, им се заблагодари на сите работници …

ЕК: Социјалните лекции од оваа криза ќе бидат целосно одразени во нашите политики Read More »

Менаџментот на Комерцијална банка донираше 130 илјади евра за вработените во Инфективната клиника и Институтот за јавно здравје


Инфективната клиника и Институтот за јавно здравје на нивните интернет страници упатија јавна благодарност до Комерцијална банка Скопје за донациите кои менаџментот на банката им ги додели на двете јавни здравствени установи. Станува збор за доделени парични средства од по 4,1 милион денари во бруто износ (по околу 67 илјади евра) кои беа уплатени на …

Менаџментот на Комерцијална банка донираше 130 илјади евра за вработените во Инфективната клиника и Институтот за јавно здравје Read More »

(Во живо) Прес на Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во 15 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за последната состојба со корона вирусот во земјава. Проследете ја во живо:

Повеќе се излечени од активни случаи од корона вирус


Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакнува дека во Македонија има повеќе излечени случаи од корона вирус, отколку активни. Според статистиката излечени се 738, а активно се борат со болеста уште 650.

Околу 140 работници вратени на работа по инспекциските контроли


Околу 140 работници се вратени на работа по направените контроли на Инспекторатот за труд. Решенијата за отказ на работодавачите се поништени, објави денеска директорот на Инспекторатот Аљајдин Хавзиу. – Во 28 фирми донесени се 37 решенија со кои им е наложено на работодавачите да ги вратат на работа работнциите. Значи нивните решенија за отказ се поништени, …

Околу 140 работници вратени на работа по инспекциските контроли Read More »

Од утре рецептите за лекови ќе се издаваат електронски


Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев на денешната прес-конференција информираше за новитетот во издавање на електронски рецепт. -ФЗО од утре воведува пропишување и издавање лекови без хатрија преку електронски рецепт  за терапија за хронично болни лица. Ова значи дека нема потреба хроничните болни да одат на матичен за да им биде издаден хартиен …

Од утре рецептите за лекови ќе се издаваат електронски Read More »

Лос Анџелес бесплатно ќе ги тестира своите жители за Ковид-19


САД – Властите на Лос Анџелес, Калифорнија, почнуваат со бесплатно тестирање на сите жители на градот за новиот коронавирус, без разлика дали имаат симптоми на зараза или не, напиша на Твитер градоначалникот Ерик Гарсети. Лос Анџелес е првиот голем град во САД кој покрена таква иницијатива. Приоритет ќе имаат граѓаните со симптоми, но можат да се …

Лос Анџелес бесплатно ќе ги тестира своите жители за Ковид-19 Read More »

По две ипол години затвор за насилниците од Штип


Судијката од Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова им пресуди по 2,6 години затвор на двајцата штипјани, кои брутално тепаа нивна сограѓанка. Тие претходно ја признаа вина и се извинија за чинот кој го направија. Настанот се случил пред во јануари годинава. Девојката беше натепана во влез на зграда во Штип. МВР веднаш по објавата …

По две ипол години затвор за насилниците од Штип Read More »

Специјална екипа на Гугл се бори со лажни реклами поврзани со Ковид-19


САД– Гугл објави извештај во кој се наведува дека добро функционираат нивните напори да ги блокираат несаканите интервенции на луѓе кои ја користат пандемијата за да измамат потрошувачи. Интернет гигантот за пребарување, кој е светски лидер во рекламирањето преку интернет, формирал специјален тим што ќе се спротивстави на постојаниот проток на лажни или опасни реклами. …

Специјална екипа на Гугл се бори со лажни реклами поврзани со Ковид-19 Read More »

Битиќи: Потрошениот буџетски дефицит е соодветен на одговорот на кризата


Веќе се потрошени 7,4 милијарди денари или речиси 43 отсто од планираниот дефицит за годинава во износ од околу 16 милијарди денари, но потрошените средства се соодветни на одговорот на кризата предивиката од коронавирусот, оцени денеска советникот на премиерот Фатмир Битиќи. -Тоа е за речиси 25 отсто повеќе од потрошениот дефицит во овој период од …

Битиќи: Потрошениот буџетски дефицит е соодветен на одговорот на кризата Read More »

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во Европа се зголеми за 15 отсто


Данска – Бројот на заразени со новиот коронавирус во Европа се зголеми за 15 проценти во последните седум дена, а бројот на смртни случаи за 18 проценти. Ова го изјави денеска директорот на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, на неделниот интернет-брифинг на организацијата. – Бројот на заразени (со Ковид-19) во Европа, се зголеми за 15 …

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во Европа се зголеми за 15 отсто Read More »

Заев: ВМРО-ДПМНЕ злоупотреби државни институции за партиски интереси


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев како скандал ја оквалификува акцијата на полицијата за стопирање на хуманитарната помош, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за партиска злоупотреба на државни институции и побара надлежните да спроведат истрага и да дадат одговори за настанот. -Барам одговорност за скандалот што доцна ноќеска се случи во Струмица, каде преку злоупотреба на полиција и …

Заев: ВМРО-ДПМНЕ злоупотреби државни институции за партиски интереси Read More »

Видео конференција на Вархеји со министрите од Западен Балкан


Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес учествуваше на видео конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји заедно со министрите за надворешни работи од земјите во регионот.Конференцијата се одржа во функција на подготовка на Самитот ЕУ-Западен Балкан во рамките на хрватското претседателство на ЕУ, кој исто така заради настанатите околности наметнати со пандемијата на КОВИД 19 ќе се одржи …

Видео конференција на Вархеји со министрите од Западен Балкан Read More »

Трипуновски потврди дека член на ВМРО-ДПМНЕ е уапсен за земање поткуп


Дополнителниот заменик-министер од редовите на опозицијата, Цветан Трипуновски, се огради преку Фејсбук од член на партијата, а според извори од СДСМ и негов близок соработник, кој денес е фатен како зема стотици евра поткуп. „Најостро го осудувам криминалното дејствие на лицето И.Г., вработено во Платежната агенција, кое уценувало земјоделци и барало поткуп. Ги повикувам надлежните …

Трипуновски потврди дека член на ВМРО-ДПМНЕ е уапсен за земање поткуп Read More »

СДСМ бара истрага за упадот на Чулев во магацинот на Заеви


СДСМ влезе во директна вербална војна со министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев откако тој направи полициски упад во магацините за донации на семејството Заеви во Струмица. -Скандалозно е тоа што структури на Наќе Отсјај во полицијата се обидуваат да попречат хуманитарна акција.За време на оваа криза наместо да помогнат ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски на …

СДСМ бара истрага за упадот на Чулев во магацинот на Заеви Read More »

Бројот на инфицирани 23, починати 4, а оздравени 111 лица


Бројот на нови пациенти со инфекции на Ковид-19 се одржува на бројката од претходните денови, но починатите не се намалуваат. Денешниот биланс, според соопштението на Министерството за здравство, е: потврдени се 23 нови случаи од 386 тестирања; починале четворица, а издравени се 111 пациенти. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира …

Бројот на инфицирани 23, починати 4, а оздравени 111 лица Read More »

Полициски упад во магацинот за донации на Заеви


Полиција упадна во магацини во кои волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ пакуваа прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини. Волонтерите, наместо дома, до 4 часот утринава останале во полициска станица, каде што даваа исказ. Во акцијата на полицијата била вклучена и дежурната јавна обвинителка Лидија Георгиева, кој …

Полициски упад во магацинот за донации на Заеви Read More »

Сите функционери на СДСМ ќе донираат од платите


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, ја нарече срамна одлуката на  Уставниот суд за платите и соопшти дека сите избрани и именувани функционери на СДСМ разликата во платата  над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за помагање на граѓаните и борбата против коронавирусот. -Во духот на солидарноста министри, пратеници, заменици-министри, државни секретари, директори …

Сите функционери на СДСМ ќе донираат од платите Read More »

Најголем пад на економијата на ЕУ и еврозоната во последните 25 години


Економијата на Европската унија и еврозоната забележа најголем пад на активности во изминатите 25 години, покажаа првите прелиминарни проценки на Европскиот завод за статистика објавени денеска. На ниво на Европската унија, економијата се намали за 3,5 проценти во однос на претходниот квартал, кога активноста се зголемила за 0,2 проценти, покажуваат проценките засновани на сезонски прилагодени …

Најголем пад на економијата на ЕУ и еврозоната во последните 25 години Read More »

За 4,5 отсто помалку вработени во индустријата во споредба со март 2019 г.


Бројот на работниците во индустријата во март годинава, во однос на истиот месец лани е помал за 4,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во март бележи опаѓање во секторите: Рударство и вадење на камен од 1,6 отсто, Преработувачка индустрија од 4,8 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација …

За 4,5 отсто помалку вработени во индустријата во споредба со март 2019 г. Read More »