За 4,5 отсто помалку вработени во индустријата во споредба со март 2019 г.


Бројот на работниците во индустријата во март годинава, во однос на истиот месец лани е помал за 4,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во март бележи опаѓање во секторите: Рударство и вадење на камен од 1,6 отсто, Преработувачка индустрија од 4,8 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,5 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,0 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,8 отсто, додека пораст од 0,3 отсто бележи кај Капитални производи.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ март 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ март 2019 година, е помал за 3,6 отсто.