Од утре рецептите за лекови ќе се издаваат електронски


Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев на денешната прес-конференција информираше за новитетот во издавање на електронски рецепт.

-ФЗО од утре воведува пропишување и издавање лекови без хатрија преку електронски рецепт  за терапија за хронично болни лица. Ова значи дека нема потреба хроничните болни да одат на матичен за да им биде издаден хартиен рецепт. Наместо да губат време на одење и чекање во ординации, корисниците ќе треба телефонски да исконтактираат со матичниот лекар и да добијат информација за креирањето на рецептот. Потоа одат во аптека и со документ за лична документација ќе може да ги добијат пропишаните лекови. Ќе има можност друга личност да го подигне лекот, доколку пациентите не можат лично да го сторат тоа.Освен тоа што ќе придонесе за поефиканса заштита на пациентите и медицинскиот персонал од Ковид-19, електронскиот рецепт ќе функционира и по завршување на пандемијата. Од 1 мај ќе биде за хронични пациенти, а понатаму за сите осигуреници и дијагнози.

Придобивките се повеќекратни. Хроничните болни добиваат лесен и ефикасен пристап, матичните лекари нема да изготвуваат хартиени рецепти, туку софтверски ќе биде достапен до аптеките. Се скратуваат трошоците и ресурсите за принтање и издавање рецепти, а ќе има поголемо време за преглед на пациенти.

Целиот процес се рационализира и станува ефикасен и побрз. Ова е во директен интерес на 773 аптеки со кои фондот има склучено договор и со 1.236 приватни здравстевни установи од општа медицина, 1.096 ПЗУ од стоматологија и 165 ПЗУ од гинекологија. Преки дигитализација ФЗО во реално време ќе ја следи валидноста преку овој систем и обемот на издадени рецепти и лекови.Во реално време стручни е служби ќе може лесно и ефикасно да интервенцираат при недоследности и злоупотреби на системот, рече Дончев.