Полициски упад во магацинот за донации на Заеви


Адвокатот на невладината организација, Илин Тодоровски изјавил дека акцијата е спроведена како на филм додавајќи дека е нелогично во 11 часот навечер да бараш испратници и фактури за потекло на стоката, која е хуманитарна помош. Објаснувањето е дека се постапува по пријава за што Тодоровски се сомнева.

„Нам ни кажаа дека постапуваат по пријава, а акцијата беше за потекло на стоката и што има внатре во пакетите. Јас разговарав со волонтерите и со претседателот. Симптоматично е за обична пријава со шест возила да правиш опсада од две страни во 11 часот навечер и да бараш фактури и испратници. Сомнежот е дека не е само обична пријава. Целата стока е оставена среде улица, постои можност за нејзино оштетување бидејќи во пакетите има разни продукти, а станува збор за речиси 750 пакети. Камион со приколка е оставен среде улица и не дозволуваат да тргне. Велат дека добиле усна наредба, а писмена не била изготвена за да не поднесуваат барање до судија на претходна постапка бидејќи процедурата ќе трае 10 дена за да ја потпишат“, вели адвокатот Тодоровски.