Шпанскиот премиер е негативен по средбата со Макрон , но останува во самоизолација до 24 декември


Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска беше негативен на тестот за присуство на коронавирус, но ќе остане во самоизолација до 24 декември, бидејќи беше во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти кабинетот на Санчез. Санчез, кој претходно денеска ги прекина сите свои јавни активности, ќе биде повторно тестиран пред да излезе од самоизолација, се додава …

Шпанскиот премиер е негативен по средбата со Макрон , но останува во самоизолација до 24 декември Read More »

Чешка и Словачка објавија: Мешањето на историјата и проширувањето е опасен преседа


Прага и Братислава објавија заеднички став во кој официјално потврдуваат дека не можат да се согласат со заклучоците предложени од германското претседателство. Главен проблем е реченицата за „погрешно толкување на историјата“, јавува дописничката на МИА од Брисел. Чешка и Словачка му се заблагодаруваат на германското претседателство за обидите да се изнајде компромис со Бугарија за …

Чешка и Словачка објавија: Мешањето на историјата и проширувањето е опасен преседа Read More »

Магла на Стража и во југозападниот дел на државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на патниот правец Тетово – село Лисец до 20 метри, на планинскиот премин Стража, каде видливоста е до 50 метри и во југозападниот дел на државата, каде видливоста е од 50 до 100 метри. Интензитетот на сообраќај …

Магла на Стража и во југозападниот дел на државата Read More »

Европските лидери се самоизолираа поради Макрон


Неколку лидери на ЕУ се изолираа откако беше објавено дека францускиот претседател Емануел Макрон бил позитивен на коронавирус. Премиерот Жан Кастекс ќе биде во 7-дневен карантин бидејќи тој имал контакт со Макрон, иако досега не покажал никакви симптоми. И сопругата на претседателот Брижит Макрон досега не покажала никакви симптоми, соопштија од нејзината канцеларија. Под карантин …

Европските лидери се самоизолираа поради Макрон Read More »

Ахмети стана почесен доктор на науки


Али Ахмети стана почесен доктор на науки откако Тетовскиот Универзитет денеска му врачи ваква титула, како човек кој учествувал во развојот на оваа установа. Лидерот на ДУИ бил заслужен за унапредување на правата на Албанците, за вработување на над 20 илјади Албанци во администрацијата, официјализирање на албанскиот јазик и знамето во Македонија. На свеченоста Ахмети рече …

Ахмети стана почесен доктор на науки Read More »

Од Ковид-19 почина писателот Борис Апостолов


Денеска, на 76-годишна возраст почина писателот Борис Апостолов, како последица на инфекцијата со коронавирусот. Тој е поет, романсиер, раскажувач, есеист, литературен критичар. Роден е на 8 август 1944 година во Скопје. Член на ДПМ од 1995 година. Книжевни остварувања на Борис Апостолов се: поетските збирки „Жедна земја“ (1989), „Бела сенка“ (1991), „Пишувана празнина“ (1993), „Реинкарнирана …

Од Ковид-19 почина писателот Борис Апостолов Read More »

Шпанија на чекор до легализација на евтаназијата


Шпанија презеде голем чекор кон легализирање на евтаназијата, откако денеска Долниот дом на Парламентот го одобри предлог-законот, со кој им се дозволува на смртно болните пациенти да изберат одземање на својот живот. Предлог-законот, кој е усвоен со 198 гласови „за“ и 138 гласови „против“, сега ќе му биде испратен на Сенатот на разгледување. Доколку биде …

Шпанија на чекор до легализација на евтаназијата Read More »

Светскиот првак во скијачки скокови Гајгер позитивен на Ковид-19


Германија – Светскиот првак во скијачки скокови, Германецот Карл Гајгер, е заразен со коронавирус, но нема симптоми и се наоѓа во самоизолација во својот дом, соопшти денеска Германската скијачка федерација. Гајгер минатиот викенд во драматична завршница на Планица ја освои титулата светски првак, а на почетокот на оваа недела бил позитивен на Ковид-19. Резултатите од тестирањата за коронавирус …

Светскиот првак во скијачки скокови Гајгер позитивен на Ковид-19 Read More »

Бугарска Влада: Борисов и Меркел се заинтересирани да се најде решение


Напорите на бугарската страна отсекогаш беа и продолжуваат да бидат насочени кон постигнување дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но за оваа цел тоа мора да го сакаат и да го спроведат двете страни, велат од прес-службата на бугарската Влада коментирајќи ја изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека …

Бугарска Влада: Борисов и Меркел се заинтересирани да се најде решение Read More »

Чарлс и Камила со цветна божикна честитка место елка


Англија– Нема божикна атмосфера, елка или лампион, но принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол објавија слатка празнична честитка оваа година – со цвеќиња, пчели и пеперутки! Шарената фотографија ја направи еден вработен за време на престојот на двојката во Биркхол, шкотскиот дом на принцот, на почетокот на есента. Органската градина и нејзината низа цветови …

Чарлс и Камила со цветна божикна честитка место елка Read More »

Европската Унија по трет пат ја прошири листата на санкционирани лица во Белорусија


 Советот на Европската Унија по трет пат го прошири списокот на лицата под санкции од Белорусија, се наведува во Брисел. Советот на ЕУ денеска усвои 36 дополнителни имиња за санкционирање, што се однесуваат на високи белоруски функционери одговорни за насилните репресии и заплашувањата на мирните демонстранти, членови на опозицијата и новинари. Мерките, како што се …

Европската Унија по трет пат ја прошири листата на санкционирани лица во Белорусија Read More »

Нови 657 случаи на Ковид-19, 920 оздравени и 31 починато лице


Во изминатите 24 часа се регистрирани 657 нови случаи на Ковид-19, од направени 2.347 тестирања. Во истиот период регистрирани се и 920 оздравени, но и 31 починато лице.   Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-323, Куманово-23, Штип-8, Прилеп-38, …

Нови 657 случаи на Ковид-19, 920 оздравени и 31 починато лице Read More »

Принцезите Леонор и Софија пораснаа, испратија божикни честитки


Шпанија– Да се ​​соочиме, повеќето од нашите сезони на празници веројатно не личат многу на шпанското кралско семејство, но постои еден начин на кој кралот Фелипе, кралицата Летиција, принцезата Леонор и принцезата Софија се исто како и останатите – тие ‘ повторно испратија фото картички за да ја шират својата љубов и благодарност во оваа …

Принцезите Леонор и Софија пораснаа, испратија божикни честитки Read More »

Склучен Договор за соработка помеѓу „Пошта“ и Асоцијација на архитекти на Македонија


Асоцијацијата на Архитекти на Македонија, стои зад иницијативата на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ во правец и со идеа трајно да се реши статусот на Шалтер салата во рамки на зградата Централната пошта во Скопје, информираат од ААМ. На денешната средба на директорот на „Пошта“, Јани Макрадули со претседателот и потпретседателот на ААМ, Мишко Ралев …

Склучен Договор за соработка помеѓу „Пошта“ и Асоцијација на архитекти на Македонија Read More »

Куп тепачки низ земјава


  Повеќе тепачки се пријавени во Македонија во последното деноноќие, при што настрадале и малолетници, но и биле напаѓани и полицајци. Во вторникот, во 10.50 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, Р.М.(44) физички го нападнал В.А.(29), двајцата од Скопје. Во средата пак, во 2.30 часот, А.Ј.(20) од село Љубанци, скопско, …

Куп тепачки низ земјава Read More »

Си префрлила 500.000 денари на трансакциска од туѓа сметка


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.С.(39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во текот на октомври и ноември, пријавената во повеќе наврати од мобилиниот телефон на оштетениот Џ.Н., со помош на мобилна апликација, префрлила 518.000 денари на нејзината трансакциска сметка, со што се стекнала со противправна имотна корист.

Димитров за „Нин“: Дали би постоела ЕУ, ако сите земји членки имаат исти погледи на историските прашања?


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во интервју за српскиот магазин „Нин“ вели дека македонскиот пат кон членство во ЕУ е неверојатно брдовит, но мора упорно да се работи на сите отворени прашања и „не смееме да дозволиме овој пораз на Европа и на европските вредности да се претвори во наш пораз“. За блокадата на …

Димитров за „Нин“: Дали би постоела ЕУ, ако сите земји членки имаат исти погледи на историските прашања? Read More »

Полска воведува национален карантин до 17 јануари


Полскиот министер за здравство, Адам Неделски, денеска на прес-конференција во Варшава изјави дека за време на новогодишната ноќ, од 21 часот на 31 декември до 6 часот на 1 јануари, во земјата ќе биде воведен полициски час. -Од 28 декември до 17 јануари воведуваме национален карантин, додаде министерот Неделски. Во тој период, објасни министерот, нема …

Полска воведува национален карантин до 17 јануари Read More »

Влатко Илиевски снимил „Божикна песна“ со „Златно славејче“ (видео)


Празничната песна што Влатко ја снимил со хорот „Златно славејче“, досега не е објавена. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото „Торус“    На радиостаниците во Македонија од вчера премиерно се врти  „Божиќна песна“, која Влатко Илиевски ја снимил со хорот „Златно славејче“, но досега …

Влатко Илиевски снимил „Божикна песна“ со „Златно славејче“ (видео) Read More »

Њујорк тајмс: Заговорот за украдени избори не помина, па приврзаниците на Трамп се фатија за друг – вакцината 


САД – Сидни Пауел, адвокатка од правниот тим на претседателот во заминување Доналд Трамп, која ширеше теорија на заговор за изборна измама, неодамна на Твитер поттикна нова теорија на заговор, за вакцината против коронавирус.  Пауел до неодамна тврдеше дека постојат несоборливи докази, потврдени со „масивна документација“ дека изборите се украдени и дека таа би ја објавила …

Њујорк тајмс: Заговорот за украдени избори не помина, па приврзаниците на Трамп се фатија за друг – вакцината  Read More »