Од Ковид-19 почина писателот Борис Апостолов


Денеска, на 76-годишна возраст почина писателот Борис Апостолов, како последица на инфекцијата со коронавирусот.

Тој е поет, романсиер, раскажувач, есеист, литературен критичар. Роден е на 8 август 1944 година во Скопје. Член на ДПМ од 1995 година.

Книжевни остварувања на Борис Апостолов се: поетските збирки „Жедна земја“ (1989), „Бела сенка“ (1991), „Пишувана празнина“ (1993), „Реинкарнирана тишина“ (1999), „Раздробување на зборот“ (2002), „Слики“ (2014); романите „Очи“ (2006), „Мост“ (2006), „Пат за Манила“ (2010), „Каде е возачот“ (2010), „Гледач на сонови“ (2016), „Канал“ (2016) и „Пироман“ (2016).

Автор е и на неколку збирки поезија и раскази за деца: „Бело врапче“ (2003), „Необични прашања“ (1994), „Стариот бисер“ (2000), „Сите мои занаети“ (2000), „Аз буки веди“ (2009), „Здив на душата“ (1996) и „Зои од Андромеда“ (2000).