Магла на Стража и во југозападниот дел на државата


Фото: Б. Грданоски

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на патниот правец Тетово – село Лисец до 20 метри, на планинскиот премин Стража, каде видливоста е до 50 метри и во југозападниот дел на државата, каде видливоста е од 50 до 100 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Утре во период од 10:00 до 13:00 часот поради асфалтирање комплетно ќе биде затворена за сообраќај делница Жировница – Бошков Мост кај село Скудриње од Регионалниот пат Р1202.