Влатко Илиевски снимил „Божикна песна“ со „Златно славејче“ (видео)


Празничната песна што Влатко ја снимил со хорот „Златно славејче“, досега не е објавена. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото „Торус“ 

 

На радиостаниците во Македонија од вчера премиерно се врти  „Божиќна песна“, која Влатко Илиевски ја снимил со хорот „Златно славејче“, но досега не е објавена. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото „Торус“ на Александар Митевски.

Неодамна  беше издадено и цеде со најголемите хитови на Влатко, насловено како „За љубов се пее до крај“. Станува збор за колекција составена од најголемите хитови на Илиевски, кои ја одбележаа неговата десетгодишна соло кариера, „Нека биде по твое“, „Најбогат на свет“, „Со други зборови“, „Среќа“, „И премногу добро“… Компилацијата ја збогатува и темата „Недостигаш“, која во чест на Илиевски ја испеаја неговите обожавателки Елена, Матеа, Викторија и Анастасија. И песните што популарниот пејач се подготвувал да ги стави на новиот албум исто така наскоро ќе ѝ бидат промовирани на публиката.


Хитовите на Илиевски кој трагично почина пред години, може да се слушнат и на неговиот музички канал на Јутјуб, а во подготовка е и монографија за него.