Склучен Договор за соработка помеѓу „Пошта“ и Асоцијација на архитекти на Македонија


Асоцијацијата на Архитекти на Македонија, стои зад иницијативата на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ во правец и со идеа трајно да се реши статусот на Шалтер салата во рамки на зградата Централната пошта во Скопје, информираат од ААМ.

На денешната средба на директорот на „Пошта“, Јани Макрадули со претседателот и потпретседателот на ААМ, Мишко Ралев и Александар Радевски договорено е воспоставување долгорочна стручна соработка во процесите на дефинирање на статусот и третманот на Шалтер салата во рамки на зградата на Централната пошта во Скопје.

– Асоцијацијата ќе ги стави на располагање своите човечки и стручни ресурси за поддршка на сите идни чекори со кои Шалтер салата ќе добие соодветен законски статус, ќе биде уреден начинот и можностите за нејзино управување и одржување во техничка, архитектонска и уметничка смисла, како и ќе бидат уредени механизмите за контрола во управувањето со овој објект, соопштуваат од ААМ.

Во соопштението се наведува дека дека од „Пошта“ и се заблагодаруваат на Асоцијацијата на архитекти за поддршката и сметаат дека ќе им биде од голема помош стручноста и знаењето на ААМ, во правец на дефинирање и изготвување соодветен статус на овој култен скопски објект.