Божидар Јанковски стана сопственик на Дајнерс – Македонија


Дајнерс Клуб Интернешенел од Македонија соопшти дека се случила промена во сопственичката структура на компанијата, откако Ерсте Кард Клуб д.о.о. Загреб го продала целосниот удел на извршниот директор на Друштвото Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ, Божидар Јанковски.  „Ова е исклучително признание за работата на Динерс Клуб во нашата земја. Заради одличните резултати на менаџментот на …

Божидар Јанковски стана сопственик на Дајнерс – Македонија Read More »

Германската туристичка групација ТУИ пријави над три милијарди евра загуба


Германската туристичка групација ТУИ денеска пријави годишна загуба од три милијарди евра предизвикана од пандемијата што влијаеше на побарувачката за патувања и финансиите на групата, принудувајќи ја да побара повеќекратна помош од германската Влада. Најголемиот светски тур-оператор изјави дека ќе ги зголеми целите за намалување на трошоците на 400 милиони евра годишно од претходните 300 милиони евра, обидувајќи се да станат …

Германската туристичка групација ТУИ пријави над три милијарди евра загуба Read More »

Костадинов: Дојде крај на лажните вести на Мицкоски дека се распродава идентитетот


Костадин Костадинов од СДСМ порача дека се урнати сите клевети  на ВМРО-ДПМНЕ дека се распродава македонскиот идентитет и дека се распрачува Македонија. -Македонскиот идентитет не е распродаден туку е сочуван, а нашата држава не е распарчена како што хистерично лажеше Мицкоски.Додека ние работевме за граѓаните и ги браневме државните позиции, европската иднина и македонскиот национален …

Костадинов: Дојде крај на лажните вести на Мицкоски дека се распродава идентитетот Read More »

Ангеловска-Бежоска: Порелаксираните финансиски услови да се искористат за финансирање иновативни проекти


Монетарната политика во наредниот период ќе остане релаксирана. Притоа, секако, ќе се води сметка за одржување на стабилноста на девизниот курс, ценовната и финансиската стабилност, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и порачува овој период да се искористи за финансирање продуктивни и иновативни проекти. Ангеловска-Бежоска во излагањето на годинашното издание на конференцијата „Ерсте инвесторс …

Ангеловска-Бежоска: Порелаксираните финансиски услови да се искористат за финансирање иновативни проекти Read More »

Мицкоски би се вакцинирал против корона вирусот


  Запрашан дали ќе се вакцинира против корона вирусот, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека би го сторил тоа. „Јас последно се тестирав во ноември. Но, се движам со луѓе и би се вакцинирал, зошто да не“, рече Мицкоски во гостувањето во Студио 10.

Падна популарниот „месинџер“ што го користат милијарди луѓе


Една од најпопуларните апликации за комуникација низ светот, Messenger во моментов не работи во поголем дел од Европа. Бројни корисници известуваат дека оваа апликација, која ја користат стотици милиони, а веројатно и милијарди луѓе, не функционира во моментот. Проблемите се појавија околу 11 часот. Повеќето проблеми беа пријавени во Велика Британија, Франција, Белгија и Полска, …

Падна популарниот „месинџер“ што го користат милијарди луѓе Read More »

Битиќи ги објави имињата на советниците што работат од љубов


Вицепремиерот Фатмир Битиќи ги објави имињата на советниците кои ја заинтригираа јавноста во земјата. Тој вели дека составот е флуиден, односно ќе се менува во зависност од темата. На првиот состанок имало повеќе од 20 економски експерти од различни области. Сега веќе се пријавиле уште десетина други што би сакале да учествуваат на наредните состаноци. …

Битиќи ги објави имињата на советниците што работат од љубов Read More »

Почна расправата за законот за попис


 Собраниската Комисија за европски прашања денеска во прво читање го разгледува Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија, согласно кој треба да се овозможи одржување на оваа статистичка операција наредната година. Согласно одредбите на законот, како што појасни заменик-министерот за правда Агим Нухиу, во рамки на оваа статистичка операција ќе можат да …

Почна расправата за законот за попис Read More »

Мицкоски бара парламентарни избори на пролет


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара формирање експертска влада, а кога ќе се создадат здравствени услови да се организираат парламентарни избори. Според Мицкоски, тоа би можело да се случи заедно со локалните избори на пролет. Мицкоски во интервју во емисијата „Студио 10” на ТВ 24 зборуваше за политиките на актуелната Влада предводена од преммиерот Зоран …

Мицкоски бара парламентарни избори на пролет Read More »

Кризата со Ковид-19 го зголеми интернет сообраќајот и покажа колку се важни фиксните и безжичните мрежи


Кризата со Ковид-19 го зголеми проток на сообраќај и користење на интернет поради што, уште во март 2020 година, Телото на европските регулатори за електронски комуникации (БЕРЕК) воспостави посебен механизам за известување за да обезбеди редовно следење на состојбата со сообраќајот на Интернет во секоја земја-членка на ЕУ, но и во земјите кандидати, за да …

Кризата со Ковид-19 го зголеми интернет сообраќајот и покажа колку се важни фиксните и безжичните мрежи Read More »

Димитров: Идниот понеделник состанок на Националниот инвестициски комитет


Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров денеска, на состанокот на Управниот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан, соопшти дека идниот понеделник ќе се одржи состанок на Националниот инвестициски комитет. Комитетот, како што рече, ќе направи ревизија на единствената листа на проекти и ќе утврди кои проекти соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план. Димитров ја …

Димитров: Идниот понеделник состанок на Националниот инвестициски комитет Read More »

Граѓаните на Истанбул во карантин, туристите шетаат кај сакаат


Секојдневно низ Европа се спроведуваат се построги мерки за борба против инфекцијата со коронавирус. Мерките ги испразнија улиците на познатите туристички градови, како што се Рим, Париз и Лондон,кои претходно беа преплавени од  илјадници туристи.Но, еден град се спротивставува на мерките кога станува збор за туризмот. Станува збор за Истанбул, чиј модел на „заклучување“ е …

Граѓаните на Истанбул во карантин, туристите шетаат кај сакаат Read More »

На еден месец до крајот на мандатот, Трамп нареди неколку егзекуции


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна серија егзекуции на федерално ниво во последните негови денови во Белата куќа, пренесува Би Би Си. Закажани се пет егзекуции пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден на 20 јануари, со што се прекрши 130-годишната традиција да не се прави тоа при трансфер на претседателската власт. …

На еден месец до крајот на мандатот, Трамп нареди неколку егзекуции Read More »

Во Битола се судрија автомобил и автобус, има повредени


Во средата, во 22.40 часот во Битола, на ул.„Македонска фаланга“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „хундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(41) од Горно Оризари и автобус „ман“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Д.(54) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Т., додека со повреди се …

Во Битола се судрија автомобил и автобус, има повредени Read More »

Во Хрватска уште 53 починати од Ковид-19, 4.620 новозаразени


Според последните податоци, во Хрватска се регистрирани 4.620 нови случаи на корона вирус за 24 часа. Во истиот период починале 53 лица. Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Хрватска изнесува 24.851, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Меѓу нив, 2.754 пациенти се во болница, од кои 296 се на апарати за дишење. До денес, …

Во Хрватска уште 53 починати од Ковид-19, 4.620 новозаразени Read More »

Судење за „Меѓународен сојуз”: Се анализара телефонска комуникација на Бојан Јовановски


 Со изведување на материјални докази – анализа на телефонска комуникација денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица. Обвинителството, на почетокот изведе превод од српски на комуникација на првообвинетиот Јовановски и друго лице, од кој …

Судење за „Меѓународен сојуз”: Се анализара телефонска комуникација на Бојан Јовановски Read More »

Петковска: Граѓаните треба да бидат информирани за своите права во судските постапки


По повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември, Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје постави штанд за делење на материјали со едукативни содржини кои нудат запознавање на граѓаните за нивните права во судските постапки, но и како да се заштитат пред судот. Според Ивана Петковска од Коалицијата …

Петковска: Граѓаните треба да бидат информирани за своите права во судските постапки Read More »

Судењето на Тачи ќе почне најрано во август следната година


 Судскиот процес против поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи и тројца ко-обвинети за злосторства против Албанци, Роми и Срби во Косово и Албанија, 1998-1999 година, нема да започне пред судот за злосторства на ОВК во Хаг пред август 2021 година. Ова произлегува од денешната наредба на судијата на претходна постапка Никола Гију, кој го закажа второто рочиште …

Судењето на Тачи ќе почне најрано во август следната година Read More »

Османи – Блок: Холандија е за старт на преговорите со Северна Македонија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше  телефонски разговор со холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок. Во разговорот, како што соопшти МНР, министерот Османи размени мислења со својот колега за најновите и актуелни политички случувања во државата, идните чекори за европската интеграција на Северна Македонија, како и потенцијалите за продлабочување на билатералната и …

Османи – Блок: Холандија е за старт на преговорите со Северна Македонија Read More »