Битиќи ги објави имињата на советниците што работат од љубов


Битиќи: Аплицирањето за третиот пакет ќе биде едноставено и познато во следните две до три недели
Вицепремиерот Фатмир Битиќи ги објави имињата на советниците кои ја заинтригираа јавноста во земјата. Тој вели дека составот е флуиден, односно ќе се менува во зависност од темата. На првиот состанок имало повеќе од 20 економски експерти од различни области. Сега веќе се пријавиле уште десетина други што би сакале да учествуваат на наредните состаноци.
 
„Тенденција ни е да ги вклучиме сите заинтересирани релевантни експерти за поединечни теми на интерес и составот верувам дека ќе се проширува значително во иднина. Повеќе различни аспекти на гледање на работите, можат само да бидат од корист. Сите заедно ние сакаме да покажеме дека без оглед на сите останати разлики, патот за просперитет на нашата татковина е поважен од било што друго. Нема да дозволиме никакво компромитирање на оваа благородна иницијатива, ниу пак какво било партиско-политичко профитирање. Сите кои сакаат да помогнат се добредојдени“, порача тој.
 
На списокот што го објави ги нема Владимир Пешевски и Кирил Миновски. Во моментов, според него, активни се: 
Агим Мамути
 

Благица Петрески

Борче Треновски

Борче Смилевски

Борис Ефтимовски

Ванчо Узунов

Веле Самак

Висар Адеми

Вељанд Рамадани

Виктор Мизо

Горан Рафајловски

Зоран Кочоски

Игор Ивановски

Игор Андреев

Коста Петров

Љупчо Зиков

Марјан Петрески

Никица Мојсовска-Блажеска

Никола Поповски

Нина Фити

Олимпија Заевска-Христова

Сашо Ќосев

Тој дополни  дека експертите присутни на првиот иницијален состанок на платформата „За Татковината Со Љубов” се домашни професионалци од повеќе различни економски области, кои се подготвени да го стават својот капацитет во функција на државата. Тие, потенцира, доаѓаат од различни политички провениенции и економски школи, но заедничко за сите нив е што се отворени за соработка и совети во интерес на забрзан економски развој, долгорочно планирање на развојот на економскиот систем и доброто на државата.

-Членовите во платформата „За Татковината Со Љубов” ова го прават волонтерскии јас сум благодарен што сите овие луѓе изразија подготвеност про-боно да одвојат време и да дадат совет, коментар, мислење или идеја во интерес на нашата земја. Засега планирана динамика на состаноци е еднаш месечно, вели Битиќи.