Падна популарниот „месинџер“ што го користат милијарди луѓе

Една од најпопуларните апликации за комуникација низ светот, Messenger во моментов не работи во поголем дел од Европа.

Бројни корисници известуваат дека оваа апликација, која ја користат стотици милиони, а веројатно и милијарди луѓе, не функционира во моментот. Проблемите се појавија околу 11 часот.

Повеќето проблеми беа пријавени во Велика Британија, Франција, Белгија и Полска, но проблеми беа забележани и кај некои корисници во Македонија.

Ова исто така прикажана е и мапа на пријавени проблеми објавени на страницата за downdetector.