Во Битола се судрија автомобил и автобус, има повредени


Фото: Б. Грданоски

Во средата, во 22.40 часот во Битола, на ул.„Македонска фаланга“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „хундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(41) од Горно Оризари и автобус „ман“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Д.(54) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Т., додека со повреди се здобила сопатничката во автобусот К.Н.(25) од Битола, на кои им била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.