Костадинов: Дојде крај на лажните вести на Мицкоски дека се распродава идентитетот


Костадин Костадинов од СДСМ порача дека се урнати сите клевети  на ВМРО-ДПМНЕ дека се распродава македонскиот идентитет и дека се распрачува Македонија.

-Македонскиот идентитет не е распродаден туку е сочуван, а нашата држава не е распарчена како што хистерично лажеше Мицкоски.Додека ние работевме за граѓаните и ги браневме државните позиции, европската иднина и македонскиот национален идентитет, Мицкоски смислено и оркестрирано ширеше хистерични лажни вести и клевети поткопувајќи ја државната позиција.Пред само неколку денови Мицкоски на собир за одбрана на својата фотелја лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата.Клеветеше дека се распродава идентитетот, дека се тргува со антифашистичкиот темел на нашата држава, ширеше лажни вести, поттикнуваше говор на омраза.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои гласно навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори. Единствените кои намерно и свесно блокираа реформи и закони важни за интеграцијата во ЕУ, но уште поважни за нашите граѓани.Нивните лаги дека освен Бугарија и други земји не ја поддржуваат нашата интеграција ја демантираа европски држави.

Секогаш кога се работи за државните и национални интереси, Мицкоски го покажува своето антидржавно и антиевропско лице.Таков е и случајот со стратешката грешка и неодобрувањето на меѓувладината конференција за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија.Не издржа Христијан Мицкоски, па поита овој пораз на европските вредности, да го воспева како своја победа.Ништо ново од партијата која правеше се за да го блокира напредокот во интеграцијата, партијата чиј претседател не смогна сили ниту да го честита членството во НАТО, порача Костадинов повикувајќи го Мицкоски да им се извини на граѓаните.