Во Хрватска уште 53 починати од Ковид-19, 4.620 новозаразени


Според последните податоци, во Хрватска се регистрирани 4.620 нови случаи на корона вирус за 24 часа. Во истиот период починале 53 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Хрватска изнесува 24.851, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 2.754 пациенти се во болница, од кои 296 се на апарати за дишење.

До денес, пријавено е дека вкупно 163.992 лица биле заразени со новиот корона вирус, од кои 2.420 починале и 136.721 закрепнале (3.466 во последните 24 часа).

Во моментов има 62.270 лица во самоизолација.

До денесka тестираниse вкупно 849.714 лица, од кои 12.095 во последните 24 часа.