Момче во Љубљана ги уби, сестрата, таткото, мајката, па себеси


Момче од Љубљана, Словенија, на возраст од 22 години, ги убил сестра му, татко му, мајка му, а на крај си пресудил и себеси, пишува 24ur. „Синоќа околу 21 часот љубљанските полицајци добиле дојава за настан во местото Јанче каде се пронајдени четири мртви тела. Според првичните информации, 22-годишник пукал во членовите на семејството стари …

Момче во Љубљана ги уби, сестрата, таткото, мајката, па себеси Read More »

Со брзите тестови значајно се олеснува пристапот, дневно се прават од 300 до 500, вели министерот за здравство


Од вчера почна тестирањето во шест пунктови (во поликлиниките „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“, „Чаир“, „Ченто“, „Бит Пазар“ и „Млин Балкан“) со брзите тестови во Здравствениот дом Скопје. Има соодветен систем за закажување преку матични лекари заради тоа што брзите тестови имаат своја индикација односно може со нив да се тестираат пациенти кои се во рамките …

Со брзите тестови значајно се олеснува пристапот, дневно се прават од 300 до 500, вели министерот за здравство Read More »

ОЈО поднесе обвинение против скопјанец за криење арсенал оружје, муниција и дрога во бункери


 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 24-годишен скопјанец, кој во импровизирани бункери во земја неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин. Импровизираните бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“ во Скопје, се откриени во текот на април годинава. …

ОЈО поднесе обвинение против скопјанец за криење арсенал оружје, муниција и дрога во бункери Read More »

Што празник е 11.11 и што може да се очекува на овој ден – Очекувајте огромни попусти и супер понуди од Нептун!


(Комерцијален текст) Денот на самците 11.11 (единаесетти ноември) се одбележува од 1990г., како спротивност на Денот на заљубените, со цел луѓето кои не се во врска да купуваат производи за себе. Согласно податоците од ланската вкупната продажба, 11.11 е четири пати поголем од Црн петок и Сајбер понеделник, двата најпопуларни шопинг дена во светот. На …

Што празник е 11.11 и што може да се очекува на овој ден – Очекувајте огромни попусти и супер понуди од Нептун! Read More »

Ужасна слика од кругот на „8 Септември“ во состојба на епидемија


Расфрлани кревети, носилки, „чизма“ од мијалник, медицински ракавици, зелена медицинска крпа, марамче, но и нешто запалено во кругот на болницата „8 Септември“ во Скопје е моменталната слика за болничката институција каде се лекуваат болни од Ковид-19. Во неа, според последниот извештај на Министерството за здравство се лекуваат 79 пациенти, од кои пет се на респиратор. …

Ужасна слика од кругот на „8 Септември“ во состојба на епидемија Read More »

Лутфи Елван назначен за нов министер за финансии на Турција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи поранешниот вицепремиер Лутфи Елван за нов министер за финансии, кој ќе го замени Берат Албајрак кој поднесе оставка, објавено е денеска во турскиот Службен весник. Ердоган доцна синоќа ја прифати оставката на Албајрак, еден ден откако на социјалните мрежи објави дека се повлекува од функцијата поради здравствени причини и ќе …

Лутфи Елван назначен за нов министер за финансии на Турција Read More »

Филипче: Смртноста насекаде е голема, хроничните болни може да останат дома


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека за секоја форма на болеста Ковид-19 има соодветна препорака и оти матичните лекари добро знаат кои пациенти треба да се третираат дома, а која е индикацијата за едно болно лице да се смести во болничка установа. – Смртноста насекаде е голема. Огромен број на смртни случаи во …

Филипче: Смртноста насекаде е голема, хроничните болни може да останат дома Read More »

(Видео) Меркел од Софија: Мора да се согласувате, не го заборавајте тоа


 Германската канцеларка Ангела Меркел на прес конференцијата по самитот во Софија рече дека овој самит е тежок, но покажале дека може да се организира и во вакви услови. Ова ќе даде импулс како за народите во регионот така и за компаниите, рече Меркел поздравувајќи ја согласноста околу зелената агенда, т.е. економија без јаглен двооксид …

(Видео) Меркел од Софија: Мора да се согласувате, не го заборавајте тоа Read More »

Забранета продажба на облека, обувки, книги, играчки во супермаркетите во Грција додека трае карантинот


За да се избегне нелојалната конкуренција за време на карантинот, од утре е забранета продажба на облека и обувки, електронски производи, играчки, книги и слично во супермаркетите до 30 ноември, односно сѐ додека се затворени останатите продавници специјализирани за вакви производи, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис …

Забранета продажба на облека, обувки, книги, играчки во супермаркетите во Грција додека трае карантинот Read More »

Филипче: Нема потреба од полициски час ако се почитуваат мерките


Засега нема потреба од воведување полициски час, рестриктивните мерки што се досега донесени се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резулат во следниот период, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, особено забраната за групирање на јавен простор која со вчерашната одлука на Владата е …

Филипче: Нема потреба од полициски час ако се почитуваат мерките Read More »

До викендот суво време со магла по котлините


До викендот продолжува периодот на претежно стабилно и суво време со магла по котлините. Не се очекуваат поголеми промени на температурата. Веќе в петок и во сабота попладне синоптичарите најавуваат слаб локален дожд во западните делови. Утринските температури ќе бидат под и околу нулата, а дневните ќе достигнат и до 20 степени.

(ВИДЕО) Обраќање на Заев на Софискиот самит


Премиерот Зоран Заев се обрати на отворањето на самитот во Софија порачувајќи дека тоа што за прв пат од започнувањето на Берлинскиот процес ко-домаќини се една земја кандидат од регионот заедно со соседна земја-членка на ЕУ е јасен доказ дека регионот силно го прифати овој процес како свој, и дека со оваа соработка Северна Македонија …

(ВИДЕО) Обраќање на Заев на Софискиот самит Read More »

Брачната двојка заслужна за развојот на ковид вакцината на „Фајзер“


Експерименталната вакцина против корона вирусот на американскиот фармаколошки гигант „Фајзер“ и германската компанија „Бионтех“ има 90 отсто делотворност во спречување на Ковид-19, објавија вчера двете компании. Се работи за голем пресврт во одбрана од пандемијата. Досега не се најдени сериозни безбедносни проблеми и се очекува дека ќе добие одобрение за итна употреба подоцна овој месец. …

Брачната двојка заслужна за развојот на ковид вакцината на „Фајзер“ Read More »

Во Хрватска 33 починати од Ковид-19, 1.467 новозаразени


  Во последните 24 часа забележани се 1.467 нови случаи на зараза со корона вирусот во Хрватска, а активни се 14.524. Меѓу нив, 1.513 пациенти се на болничко лекување, а 167 на респиратор. Починаа 33 пациенти. Од почетокот на епидемијата досега има забележано 70.243 позитивни на корона вирус, од кои починаа 865, а оздравеа 54.854 …

Во Хрватска 33 починати од Ковид-19, 1.467 новозаразени Read More »

Зошто ЕУ не го разбира бугарското вето за Македонија


ЈОВКА ДИМИТРОВА Ниту една земја не победила во долгорочна битка против европска институција. Некои поминуваат полесно или на Брисел му треба подолго време да им го посочи нивното место, но досега никој не успеа да победи. Особено ако е сам   Во петокот вечерта, по една недела интензивни контакти со посредство на Германија, Бугарија објави …

Зошто ЕУ не го разбира бугарското вето за Македонија Read More »

Минимални се шансите Адеми да настапи против Грузија


Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми поради повреда многу веројатно ќе го пропушти натпреварот против Грузија на 12 ноември во Тбилиси за пласман на Европското првенство. -Аријан Адеми заработи повреди во неделата на загревањето пред првенствениот меч на својот Динамо Загреб против Истра. Медицинските прегледи кои му беа направени од нашиот лекарски тим во Скопје потврдија …

Минимални се шансите Адеми да настапи против Грузија Read More »

Битиќи: Грчката Влада ја гледаме како партнер


Грчката Влада ја гледаме како партнер, што е посветен, не само на имплементацијата на Договорот од Преспа, туку и можност во ерата по потпишувањето на Договорот, вели заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервјуто за телевизијата „Делта“ од грчкиот град Александруполи, јави дописничката на МИА …

Битиќи: Грчката Влада ја гледаме како партнер Read More »

Борисов го пречека Заев (Фото галерија и видео)


Премиерот Зоран Заев претпладнево пристигна во Софија, каде што ќе учествува на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес. – Пристигнавме во Софија на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, каде што оваа година домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија, а самитот ќе го водиме заедно …

Борисов го пречека Заев (Фото галерија и видео) Read More »

Потребни се решенија, а не дебати – земјоделството и туризмот се клучни за постоковид-развојот, вели Азески


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска повторно јавно го искажа својот став – дека за справување со корона кризата се неопходни конкретни решенија, а не дебати и расправии „истресени од ракав“. Не смееме да седиме со скрстени раце и да чекаме кризата да помине, потенцира Азески и наведува конкретни предлог-решенија. Туризмот и земјоделството, …

Потребни се решенија, а не дебати – земјоделството и туризмот се клучни за постоковид-развојот, вели Азески Read More »

Рекордна стапка на невработеност и отпуштања во Велика Британија


Отпуштањата и невработеноста во Велика Британија достигнаа рекорд во текот на третиот квартал на 2020 година, според официјалните податоци, кои покажуваат дека пазарот на трудот го забрзал падот пред министерот за финансии Риши Сунак да донесе нови мерки за ублажување на ефектите од Ковид-19 за да се обезбеди пресврт на овој тренд. Бројот на отпуштања …

Рекордна стапка на невработеност и отпуштања во Велика Британија Read More »