Брачната двојка заслужна за развојот на ковид вакцината на „Фајзер“

Експерименталната вакцина против корона вирусот на американскиот фармаколошки гигант „Фајзер“ и германската компанија „Бионтех“ има 90 отсто делотворност во спречување на Ковид-19, објавија вчера двете компании.

Се работи за голем пресврт во одбрана од пандемијата.

Досега не се најдени сериозни безбедносни проблеми и се очекува дека ќе добие одобрение за итна употреба подоцна овој месец.

Овие резултати не ги очекувале брачната двојка која стои зад развојот на вакцината.

Извршниот директор на „Бионтех“ Угур Сахин и неговата сопруга и членка на управата Озлем Туреџе го посветиле својот живот на борбата на имунолошкиот систем против ракот.

Пазарната вредност на компанијата скокнала на 21 милијарди долари

Сахин потекнува од скромно семејство на турски мигранти кои работеле о фабрика, а денеска со Туреџе е меѓу 100 најбогати Германци.

Пазарната вредност на „Бионтех“, компанија која ќе одигра главна улога во масовната имунизација против корона вирусот, според податоците на Насдак се искачи на 21 милијарди долари. Пред една година вредеше 4,6 милијарди.

„Покрај сите успеси, никогаш не се промени, секогаш е неверојатно скромен и симпатичен“, вели Матиас Кромајер член на управата на компанијата „МИГ АГ“ чии фондови го поддржуваат „Бионтех“ од неговото основање во 2008 година.

Додава дека Сахин обично на состаноците доаѓа облечен во фармерки и со насмевка на лицето. Најчесто под рака држи кацига за велосипед и носи ранец.

Сахин го остварил својот момчешки сон кога станал лекар. Работел во неколку болници, а Туреџе ја запознал во една болница во Хомборг, на југозападот на Германија. Медицинските истражувања и онкологијата станале нивна заедничка страст.

Илустрација

Работеле во лабораторија и на денот на венчавката

Туреџе, ќерка на турски лекар кој мигрирал во Германија, во едно интервју вели дека и на денот на венчавката нашле време да работат во лабораторијата.

Заедно работат на имунолошкиот систем како потенцијален сојузник во борбата против ракот и се обидуваат да изнајдат единствен генетски состав на секој тумор.

Се почнало во 2001 година кога ја основале „Ганимед фармацеутикалс“ за развој на антитела кои се борат против рак. Покрај тоа, Сахин кој тогаш предавал на Универзитетот во Мајнц, никогаш не се откажал од академското истражување и подучување.

Добиле средства од споменатата компанија „МИГ АГ“ од Томас и Андреас Струнгман кои во 2005 година го продале генеричкиот лек хексал на „Новартис“.

Тоа е проект вреден 1,4 милијарди долари, а потоа е продаден на јапонската компанија „Астелас“ во 2016 година.

Потоа, тимот зад „Ганимед“ веќе бил зафатен со изградба на фирмата „Бионтех“ основана во 2008 година, за да се занимава со широк спектар на алатки за имунотерапија за ракот.

Тим од соништата

За инвеститорите Туреџе и Сахин се „тим од соништата“ затоа што своите визии ги усогласиле со ограниченоста на стварноста.

Приказната на „Бионтех“ се свртеи кога Сахин во јануари наиде на научна работа за појавата на новиот корона вирус во кинескиот град Вухан.

„Бионтех“ набрзо делегира околу 50 работници да работат на вакцина, а како партнери успеаја да ги придобијат „Фајзер“ и кинеската компанија „Фосун“.

Матијас Теобалд, професор по онкологија на Универзитетот во Мичиген, кој со Сахин соработува 20 години, вели дека тој има неуморна амбиција да ја трансформира медицината.

„Тој е мнгоу склонма личност, но неговите визии и настојувања се далеку од скромни„, вели Теобалд за Ројтерс.

Важна пресвртница

Да потсетиме, Европската медицинска агенција, регулаторно тело на ЕУ, покрена забрзана процедура за одбирање кандидатската вакцина на „Бионтех“/„Фајзер“, како и за вакцината која ја развиваат „Астера Зенека“ и Универзитетот Оксфорд.

„Посебно денес, кога сме сред вториот бран на пандемијата, а многу од нас се затворени во своите домови, уште повеќе спознаваме колку е важна оваа пресвртница на нашиот пат да ѝ застанеме на патот на пандемијата и конечно да се вратиме во нормала“, рече Сахин.

Вакцината се темели на иновативна технологија мРНК, односно гласничја РНК, со која телото се поттикнува да ствара еден од вирусните протеини со кој потоа организмот го поттикнува имнунолошкиот одговор на новиот корона вирус./Ројтерс/Индекс