Во Хрватска 33 починати од Ковид-19, 1.467 новозаразени


 

Во последните 24 часа забележани се 1.467 нови случаи на зараза со корона вирусот во Хрватска, а активни се 14.524. Меѓу нив, 1.513 пациенти се на болничко лекување, а 167 на респиратор.

Починаа 33 пациенти.

Од почетокот на епидемијата досега има забележано 70.243 позитивни на корона вирус, од кои починаа 865, а оздравеа 54.854 лица.

Во самоизолација се 29.179 луѓе. До денеска тестирани се 572.489, а 7.803 во последните 24 часа.