Филипче: Смртноста насекаде е голема, хроничните болни може да останат дома


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека за секоја форма на болеста Ковид-19 има соодветна препорака и оти матичните лекари добро знаат кои пациенти треба да се третираат дома, а која е индикацијата за едно болно лице да се смести во болничка установа.

– Смртноста насекаде е голема. Огромен број на смртни случаи во соседните земјите од регионот. И тоа што можам да го кажам е дека, апсолутно, за секој пациент се прави сè што треба, нагласи министерот Филипче.

Тој рече дека болничките капацитети сè уште не се пополнети и дека има место на клиниките за болни од Ковид-19.

-Сè уште има место на клиниките. Пополнети се околу 40 отсто, некои и 50, рече Филипче.

Министерот за здравство, меѓудругото, потенцира дека за хронично болните лица има механизам кој им овозможува да останат дома.

– Тој механизам важи уште од пред неколку месеци. Секој кој има хронична болест, може со мислење на специјалист да остане дома, рече Филипче.