Момче во Љубљана ги уби, сестрата, таткото, мајката, па себеси


Момче од Љубљана, Словенија, на возраст од 22 години, ги убил сестра му, татко му, мајка му, а на крај си пресудил и себеси, пишува 24ur.

„Синоќа околу 21 часот љубљанските полицајци добиле дојава за настан во местото Јанче каде се пронајдени четири мртви тела. Според првичните информации, 22-годишник пукал во членовите на семејството стари 26, 56 и 60 години. Сите починале на место“, соопшти полицијата.

Кога полицајците пристигнале на местото на немилиот настан, и напаѓачот бил мртов.

Момчето не ѝ е од порано познат на полицијата. Оружјето било во сопственост на неговиот 60-годишен татко.