Црна Гора порача 70 илјади брзи антигенски тестови


По препорака на Институтот за јавно здравје, Црна Гора порача 70.000 брзи анагени тестови за ноември. Како што е наведено во одлуките на Владата донесени на 5 и 9 ноември без одржување седници, од сегашната буџетска резерва се издвоени 700.000 евра за набавка на брзи антигенски тестови, пренесува „Вијести“. Владата објави дека тестовите се набавуваат …

Црна Гора порача 70 илјади брзи антигенски тестови Read More »

Претседателот на Ерменија бара вонредни предвремени избори


Ерменскиот претседател Армен Саркисјан ги повика Владата и националното собрание да се подготват за одржување предвремени парламентарни избори. Според него, Ерменија изгубила во војната што и била наметната – и на бојното поле и на дипломатското поле. Тој истакна дека земјата повеќе не е иста како на 26 септември, па дури и на 8 ноември, …

Претседателот на Ерменија бара вонредни предвремени избори Read More »

ЕУ денеска нема да донесе одлука за преговарачката рамка со С Македонија


Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ денеска виртуелно ќе го одржат долгоочекуваниот Совет за општи работи на кој требаше да се усвои рамката за преговори со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. На денешниот состанок е речиси извесно дека Бугарија ќе ја блокира преговарачката рамка за Северна Македонија …

ЕУ денеска нема да донесе одлука за преговарачката рамка со С Македонија Read More »

Нема нови рестриктивни мерки, надлежните апелираат да се почитуваат постоечките


Рекордни 40 починати од Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден, што претставува најголема бројка од појавувањето на болеста.  Сепак, најава за нови рестрикции нема. Надлежните остануваат на истите мерки, и испраќаат апел за нивно доследно и целосно почитување. Одлуката на Комисијата за заразни болести по вчерашниот состанок е дека не е време за …

Нема нови рестриктивни мерки, надлежните апелираат да се почитуваат постоечките Read More »

Облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по котлините и долж Повардарието магливо. Преку денот облачноста ќе се зголемува и од попладне на запад ќе започнат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 …

Облачно со повремен дожд Read More »

Бајден и Харис со пораки за економијата и борбата против Ковид-19


Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, предупреди дека земјата ја очекува „многу темна зима“, и го повика Конгресот веднаш да го спроведе пакетот економски мерки, за да можат Американците да се справат со пандемијата на коронавирус. Во своето прво обраќање од Вилмингтон, Делавер, посветено на економијата во земјата, Бајден изрази надеж дека вакцина против коронавирус …

Бајден и Харис со пораки за економијата и борбата против Ковид-19 Read More »

Кремљ бара помош за руската вакцина во Франција


Масовната вакцинација на населението во Русија со „Спутник V“ нема да почне пред јануари или февруари. Русија нема доволно биореактори за производство и сега бара помош од странство   МОСКВА – Во следните неколку месеци „ќе започне масовна вакцинација против короната во Русија“, ветува портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тоа е флексибилен поим. Бидејќи имунизацијата …

Кремљ бара помош за руската вакцина во Франција Read More »

Српскиот актер Иван Бекјарев почина од корона


Познатиот српски актер Иван Бекјарев почина на возраст од 74 години, пренесоа српските медиуми. Тој, минатиот месец, се заразил со корона вирус, а пред десет дена му се влошила состојбата. Последните недели бил на Инфективната клиника во Белград. Актерот дознал дека е позитивен на Ковид-19 додека снимал филм, поради што го напуштил сетот. Бекјарев првата …

Српскиот актер Иван Бекјарев почина од корона Read More »

Димитров си станал при последниот разговор со Каракачанов и Захариева


Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, вечерва на „Топ тема“ на Телма откри дека во четвртокот имал видео состанок со неговите бугарски колеги кој пропаднал откако од Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева го нарекле македонскиот народ „таканаречен народ“. На тоа Димитров одговорил: „Мојот народ не заслужува вакво непочитување, јас ова не можам да го слушам“ …

Димитров си станал при последниот разговор со Каракачанов и Захариева Read More »

Царовска: Образованието ќе се реформира до година, ќе се осовременува наставната содржина


Приоритет во реформите има основното образование,  формирани се работни групи, а новата концепција на основно образование од прво до деветто одделение очекувам да стартува од учебната 2021/2022, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во денешното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24. „Пред да ја почнеме реформата направивме истражување во кое се …

Царовска: Образованието ќе се реформира до година, ќе се осовременува наставната содржина Read More »

Словенија ја продолжува состојбата на епидемија до 17 декември


Словенечката Влада денеска донесе декрет да ја продолжи прогласената состојба на епидемија на Ковид-19 за уште 30 дена, односно до 17 декември, бидејќи бројот на заразени и хоспитализирани од коронавирус и понатаму е над дозволените, пропишани услови за укинување. Одлуката стапува во сила од 18 ноември, се наведува во владиното соопштение. Сите словенечки региони потврдиле …

Словенија ја продолжува состојбата на епидемија до 17 декември Read More »

Поранешниот француски претседател Валери Жискар д`Естен повторно примен во болница


Поранешниот француски претседател, Валери Жискар д`Естен, вчера бил хоспитализиран во градот Тур, јави  француската радиостаницата „France bleu“. Овој 94-годишен политичар бил однесен во болницата во Тур од неговата резиденција  во департманот Лоар е Шер, во западна Франција. Засега не е позната причината за неговиот прием во болница. Во текот на септември д’Естен беше хоспитализиран заради …

Поранешниот француски претседател Валери Жискар д`Естен повторно примен во болница Read More »

Димитров: Утре нема да се усвои преговарачката рамка


Во моментов имаме негативан став од Бугарија и утре на Советот за општи работи на ЕУ неме да биде усвоена преговарачката рамка за Република Северна Македонија, изјави вицеремиерот за европски прашања Никола Димитров во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма. – Веројатно ќе стане збор за нашето прашање, меѓутоа со оглед на сите изјави, …

Димитров: Утре нема да се усвои преговарачката рамка Read More »

СЗО не е „имуна“ на КОВИД-19 – од почетокот на пандемијата 65 вработени биле позитивни


Светската здравствена организација соопшти денеска дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19 меѓу нејзините вработени во седиштето на организацијата во Женева се потврдени 65 случаи на коронавирус. – Имавме неколку случаи минатата недела кои беа меѓусебно поврзани. Сите се добро, имаат слаби симптоми или се асимптоматски, истакна претставничката на СЗО, Марија Ван Керкове. Генералниот директор …

СЗО не е „имуна“ на КОВИД-19 – од почетокот на пандемијата 65 вработени биле позитивни Read More »

Школскиот распуст нема да почне порано, вели министерката Царовска


Нема причина зошто распустот да почне порано и да се крати од наставата, затоа што нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска. – За да може да зборуваме за поран распуст треба да имаме аргументи зошто тоа би го направиле, зошто дополнително …

Школскиот распуст нема да почне порано, вели министерката Царовска Read More »

Сервер за МИА: Брисел и Вашингтон треба да ѝ кажат на Бугарија да ја смири нервозата 


Прашањата за историјата и јазикот поставени од Бугарија треба да бидат разгледувани од историчарите и лингвистите со погледи што фрлаат светлина на објективната вистина прифатена од сите, но тие никако не можат да бидат изговор за блокирање на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави за МИА Даниел Сервер.  Сервер, експерт за Балканот кој предава напредни …

Сервер за МИА: Брисел и Вашингтон треба да ѝ кажат на Бугарија да ја смири нервозата  Read More »

Филипче: Не планираме затвoрање на училиштата


Прилично се добри протоколите во градинките и училиштата. Имаме добро димензионирани мерки, смета министерот за здравство Венко Филипче. – Засега сметаме дека не треба да се воведат полициски час и карантин. По 21 часот секако нема многу луѓе по улиците – рече министерот. – Во однос на училиштата засега не планираме да ги затовриме и …

Филипче: Не планираме затвoрање на училиштата Read More »

Филипче: Во некој момент во здравствениот систем може да се лечат само ковид болни


Се повеќе пациенти со Ковид-19 се примаат во болница. Исполнети се веќе и првите катови од интернистичката клиника во Скопје, а почнуваат да се примаат пациенти и во хируршките одделенија. -Тоа значи дека здравствениот систем во еден момент ќе треба да ги опслужува само пациентите со Ковид-19 – рече министерот за здравство Венко Филипче, во …

Филипче: Во некој момент во здравствениот систем може да се лечат само ковид болни Read More »

Евакуација на населението во Централна Америка поради ураганот Иота


Ураганот Иота денеска ја достигна највисоката петта категорија, неколку часа, пред да ја погоди Централна Америка. – Иота е пропратен со ветрови со брзина од 260 километри на лас и е опасен по животот на луѓето во Централна Америка, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ) со седиште во Мајами. Ураганот му се заканува на …

Евакуација на населението во Централна Америка поради ураганот Иота Read More »

Мицкоски: Бугарија место да блокира, да покаже вистинско пријателство


Коалицијата „За обнова на Македонија“ се спротиставува на промените на уставот и бара признавање на македонското малцинство, почитување на македонската историја и нејзина посебност. Исто така, Коалицијата бара од Република Бугарија да не ја блокира европската иднина на државата, туку да ја поддржи и да покаже вистинско пријателство меѓу граѓаните на двете држави. Ова го …

Мицкоски: Бугарија место да блокира, да покаже вистинско пријателство Read More »