Унгарија и Полска го блокираа усвојувањето на буџетот на ЕУ


Унгарија и Полска денеска го блокираа усвојувањето на седумгодишниот буџет на ЕУ и планот за закрепнување од пандемијата на коронавирусот поради новиот механизам што предвидува кратење на средства за членките на  ЕУ чии влади ги нарушуваат демократските стандарди и владеењето на правото. На состанокот на претставниците на земјите-членки на Унијата, десничарските влади на Унгарија и […]

Албанскиот парламент го усвои буџетот за 2021 година, не поминаа предлозите на Стерјовски за Пустец, Голо Брдо и Гора


Со 84 гласа „за“, 14 против и еден воздржан, албанскиот Парламент го усвои буџетот за 2021 година, што ќе тежи над четири милијарди евра. Буџетот главно е насочен кон економското закрепнување на земјата по двете природни катастрофи, земјотресот од 26 ноември 2019 година и пандемијата предизвикана од Ковид-19. Економскиот раст е проектиран на 5,5 проценти […]

Обнова на Европа: Бугарија да престане да ја блокира  Македонија 


 Процесот на пристапување во ЕУ не треба да се користи од земјите-членки како средство за притисок за добивање отстапки од нивните соседи или да промовираат популистичка и националистичка агенда за домашни политички цели, вели во својата реакција парламентарната група Обнова на Европа во Европскиот парламент. Групата Обнова на Европа силно го поддржува европскиот пат на […]

Мас: Заев покажа политичка храброст


Германија– Зоран Заев имаше политичка храброст да појде по патот на компромисот, мирот и пред се на заемната почит, и стана двигател на надеж на една цела  генерација на која и беше доста постојано да се занимава со национализам и со една политика која беше конфронтирачка и насочена повеќе кон минатото отколку кон иднината, истакна […]

Трамп и Бајден ја поздравија веста за вакцината на „Модерна“


Актуелниот и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден денеска ја поздравија веста на фармацевтската компанија „Модерна“ од Кембриџ во сојузната држава Масачустетс, дека нејзината вакцина против Ковид-19 има ефикасност од 94,5 проценти. – Најавена е уште една вакцина, овој пат од фармацевтската компанија „Модерна“, ефикасна 95 проценти. Им порачувам на сите големи […]

Рекордни 40 починати од Ковид-19 во последните 24 часа


Дури 40 нови жртви за едно деноноќие, најцрни ковид-статистики од почетокот на пандемијата. Битката за живот ја загубија 10 пациенти од Скопје, Прилеп е втор на листата градови со најголем број починати. За 24 часа, петмина прилепчани влегоа во црните статистики. Штип, Велес, Битола и Гостивар регистрираа по три нови жртви, по двајца починати има […]

Џафери поднесе предлог за измени на Деловникот за да може Собранието да работи електронски


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, денес поднесе Предлог на деловник за дополнувања на Деловникот на Собранието на Република Македонија, по скратена постапка, соопшти Собранието. Имајќи ја во предвид новонастанатата состојба предизвикана од Корона вирусот COVID-19, поаѓајќи од уставно загарантираната функција на Собранието на Република Северна Македонија како претставнички орган на […]

Заев во Берлин ја прими наградата за човекови права, парите ќе ги донира во Државниот здравствен солидарен фонд


Верувајќи во мултилатералниот пристап успеавме да се дигнеме над проблемите и заедно со нашите партнери во Европската Унија и НАТО да почнеме да закрепнување. И во сите тие услови рековме дека е време за дијалог за сите отворени прашања, рече премиерот Зоран Заев на кој попладнево во Берлин му беше врачена наградата за човекови права […]

Во Албанија за првпат над 600 новозаразени со Ковид-19 во едно деноноќие


Во последното деноноќие за првпат во Албанија регистрирани се над 600 заразени со Ковид-19 во едно деноноќие. -Продолжува неповолниот тренд на заразени со Ковид-19. Во последните 24 часа од тестираните 2.241сомнителни случаи, вирусот е дијагностициран кај 602 лица, што е највисока бројка досега. Во исто време забележана е и рекордна бројка на оздравени или 564, […]

Во Грција 2.198 нови случаи на Ковид-19, починаа 59 лица, само 21 отсто слободни кревети на интензивна нега


Бројот на новозаразено од Ковид-19 во Грција повторно е над 2.000, односно, 2.198, додека пак починаа 59 лица. Според податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција, приклучени на апарати се 400 лица, осум повеќе од вчера. Од новите случаи, 491 се во Солун, а 492 во областа Атика, поширокиот регион на Атина. Бројот […]

ЕУ едногласно се противи на бугарското барање за поглавје 35 за С.Македонија


Ниедна земја членка на ЕУ не го поддржува барањето на Бугарија да се вметне поглавје 35 во преговорите со Северна Македонија посветено на билатералните прашања, голем број земји стравуваат дека Софија му наштетува на целиот регион со својот став, јавува дописничката на МИА од Брисел. Бугарија не се откажува од барањето за поглавје 35 во […]

Во Србија 2.813 заболени, починаа 21 пацент


  Во Србија регистрирани се 2.813 новозаразени со корона вирусот, а починаа 21 пациент во рок од 24 часа. Тестирани биле 11.493 лица. Вп болниците ширум земјата има 3.963 пациенти, додека 161 лице се на респиратор. И понатаму се тесираат голем број луѓе, а од почетокот на епидемијата досега направени се 1.519.315 тестови. Во Србија […]

Фаучи го повика Трамп да почне со предавање на власта за Бајден да почне да носи одлуки за пандемијата


Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Антони Фаучи, денеска го повика претседателот Доналд Трамп да почне со предавање на власта, за новоизбраниот претседател Џо Бајден да може да почне да се справува со кризата  со коронавирусот во земјата, во која досега има над 11 милиони заразени лица и над 260.000 умрени од Ковид-19. Фаучи кажа […]

Фон дер Лајен до Заев: Честитики драг Зоране, ти испиша историја


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со зборовите „Честитки, драг Зоране, ти испиша историја“, му ја честиташе наградата на германската фондација „Фридрих Еберт“ на македонскиот премиер за 2020 година доделена за човекови права. Наградата на Заев денеска во Берлин му ја врачи германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас. Заев разговараше со германскиот […]

Заев на средба со Рот: Очекуваме меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево во Берлин имаше работна средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во МНР на СР Германија, соопшти владината прес-служба.На средбата премиерот Заев се заблагодари за целокупниот ангажман на СР Германија кон евроинтеграциите на Северна Македонија и […]

Во Париз средба на Макрон со Помпео зад затворени врати


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео зад затворени врати. Помпео претходно имаше средба со шефот на француската дипломатија Жан-Ив ле Дријан. Елисејската палата посетата на Помпео ја оцени како „куртоазна“. По средбата на Макрон со Помпео не е закажана прес-конференција, а дел од француските медиуми тоа […]

Јавните собири во Шведска ограничени на осум луѓе


Почитувањето на препораките во врска со коронавирусот во Шведска не покажа резултати од пролетта и сега јавните собири ќе бидат ограничени на осум луѓе, во однос на претходниот лимит од 300 лица, изјави денеска шведскиот премиер Стефан Ловен. – Ова е ново правило за целото општество. Не одете во фитнес центри, во библиотели, не организирајте […]

Што ќе каже комшијата…


ЛЕЈЛА САБИТ Ај на кафе комши, во Македонија значи ај на сеир, комши. Ќе ти кажам, ќе ми кажеш, ќе ти се пожалам, ќе ми се пожалиш, ќе ти се доверам, ќе ми се довериш, ќе ме изненадиш, ќе те изненадам, ќе те зачудам, ќе ме зачудиш, ќе те насмеам, ќе ме насмееш, ќе те […]

Има ли некој сериозен во Софија?


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Остана уште дваесетина часа до рокот што ни го даде Бугарија да ја прифатиме нејзината историска вистина, а единствено што успеја да постигне тамошната влада околу Македонија – е да ѝ се смее целата меѓународна заедница   Спорот што почна како закана за вето и што Македонците сериозно го сфатија и се исфрустрираа […]

„Џонсон & Џонсон“ ја почна третата фаза од тестирањата за вакцина против коронавирус  


САД – Американската компанија „Johnson & Johnson“ денеска почнува со клиничко тестирањe на вакцината против коронавирус развиена од нејзината подружница „Janssen Pharmaceutical Companies“. Тестирањата ќе се одвиваат во неколку земји како Белгија, Коломбија, Франција, Германија, Филипините, Јужна Африка, Шпанија, Велика Британија и САД.   Како што јави компанијата синоќа во соопштение за јавноста, третата етапа од […]