Во Србија 2.813 заболени, починаа 21 пацент


 

Во Србија регистрирани се 2.813 новозаразени со корона вирусот, а починаа 21 пациент во рок од 24 часа.

Тестирани биле 11.493 лица.

Вп болниците ширум земјата има 3.963 пациенти, додека 161 лице се на респиратор.

И понатаму се тесираат голем број луѓе, а од почетокот на епидемијата досега направени се 1.519.315 тестови.

Во Србија досгеа се регистрирани 87.381 случај со Ковид-19.

Од корона вирусот досега починаа 1.030 луѓе.

Државниот секретар во Министерството за здравство д-р Мирсад Џерлек рече дека епидемиолошката ситуација е доста тешка и дека во следните денови ќе продолжат да се соборуваат црни рекорди.