Во Париз средба на Макрон со Помпео зад затворени врати

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео зад затворени врати.

Помпео претходно имаше средба со шефот на француската дипломатија Жан-Ив ле Дријан.

Елисејската палата посетата на Помпео ја оцени како „куртоазна“.

По средбата на Макрон со Помпео не е закажана прес-конференција, а дел од француските медиуми тоа го протолкуваа како обид да се избегнат прашањата на новинарите за несогласувањата за исходот на американските претседателски избори.

Средбата Макрон – Помпео се одржува само девет дена откако францускиот претседател му ја честиташе победата на Џо Бајден, а американскиот државен секретар не ја признава неговата победа на претседателските избори во САД.

Додека од тимот на Помпео соопштија дека нема прес-конференција поради пандемијата соКовид-19.

Помпео со посетата на Франција ја почнува својата турнеја во Европа и Блиски Исток, но не се познати детали.

Предвидено е тој од Париз да отпатува за Турција, но не е закажана средба со турските владини претставници.