Трамп и Бајден ја поздравија веста за вакцината на „Модерна“

Во фирмата „Џонс Деј“ која го застапува Трамп, адвокатите донирале 90.000 долари за Бајден, а само 50 долари за Трамп

Актуелниот и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден денеска ја поздравија веста на фармацевтската компанија „Модерна“ од Кембриџ во сојузната држава Масачустетс, дека нејзината вакцина против Ковид-19 има ефикасност од 94,5 проценти.

– Најавена е уште една вакцина, овој пат од фармацевтската компанија „Модерна“, ефикасна 95 проценти. Им порачувам на сите големи „историчари“ – Ве молам да запамтите дека овие големи откритија, што ќе ја запрат „кинеската чума“, се случија за време на мојот претседателски мандат, изјави актуалениот американски претседател Трамп.

Претходно, новоизбраниот претседателна САД, Бајден потврди дека уште една голема вакцина излегува од лабораторијата на компанијата „Модерна“.

– Денешната вест за втора вакцина е уште една причина за надеж. Тоа што е вистината за првата вакцина, важи и за втората: Ни престојат уште неколку месеци чекање. Дотогаш Американците да продолжат да се придржуваат до мерката за физичка дистанца и да носат заштитна маска за да се стави под контрола ширењето на коронавирусот, апелираше Бајден.