Филипче: Во некој момент во здравствениот систем може да се лечат само ковид болни


Се повеќе пациенти со Ковид-19 се примаат во болница. Исполнети се веќе и првите катови од интернистичката клиника во Скопје, а почнуваат да се примаат пациенти и во хируршките одделенија.

-Тоа значи дека здравствениот систем во еден момент ќе треба да ги опслужува само пациентите со Ковид-19 – рече министерот за здравство Венко Филипче, во гостувањето на вестите на Сител.

Ова е вонредна состојба во нашиот здравствен систем, вели Филиче. Не нашиот, ни еден здравствен систем во светот не бил димензиониран за ваков наплив на пациенти. Огромен е – вели Филипче.

Луѓе, кадар не само од инфективните одделенија од сите страни лекуваат вакви болни.

– Огромен број на пациенти, огромен број сместени во тие соби, во тие одделенија, кои не биле димензионирани за ваква бројка – вели Филипче.

– Плановите (за понатаму) се во рамките на постојните капацитети. Ме прашуваат дали ќе сместуваме во други институции и простории како пример во Србија, спортски сали. Тоа кај нас не може. Треба да се сместат каде што има соодветни услови, каде што има кадар и опрема – додава Филипче.

Во рамките на сите интернистички клиники како бројка на кревети има, но кадарот фали. На хируршките клиники ќе се лекуваат такви болни, по цена и секој друг третман да биде прекинат, појаснува Филипче.