Филипче: Не планираме затвoрање на училиштата


Прилично се добри протоколите во градинките и училиштата. Имаме добро димензионирани мерки, смета министерот за здравство Венко Филипче.

– Засега сметаме дека не треба да се воведат полициски час и карантин. По 21 часот секако нема многу луѓе по улиците – рече министерот.

– Во однос на училиштата засега не планираме да ги затовриме и порано да почне распустот – додаде тој.

Тврди дека вирусот кај оние кои се заразени во училиштата и градинките е донесен од надвор.