Белградската арена од денеска повторно ковид-болница


  Белградската арена од денеска е привремена болница, која може да прими 510 пациенти да се лечат од Ковид-19. Медицинскиот директор на привремената болница потполковникот Предраг Богдановиќ рече дека во партерот има 360 легла, а на третата етажа, каде беа ВИП ложите, 150 легла. Арената има и централен довод на кислород, па така пациентите можат […]

Фаучи повикува да се откаже Денот на благодарноста поради Ковид-19


Со оглед на тоа што случаите на коронавирус и хоспитализациите продолжуваат да растат во многу делови на САД, врвниот владин здравствен советник доктор Ентони Фаучи ги предупреди Американците дека собирите за Денот на благодарноста може да претставуваат сериозен ризик за пренесување на вирусот. Нарекувајќи го „несреќен факт“ што собирите за Денот на благодарноста можат да […]

Турција во Црно Море најде повеќе гас од што се мислеше?


  Главното наоѓалиште на природен гас кое Турција го откри летоска во Црното Море е поголемо од што се мислеше, рече претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Во август Анкара објави дека открила најголемо наоѓалиште на природен гас во својата историја, проценувајќи ја вредноста на пронајдената количина на „синото злато“ на 320 милијарди кубни метри, […]

Кралот на валцерот Андре Риу со божикно цеде “Jolly Holiday” од концертите во Мастрихт


Кралот на валцерот, познатиот холандски виолинист и светска музичка атракција Андре Риу, ќе ги израдува своите фанови со своето ново издание “Jolly Holiday” кое премиерно ќе излезе на 13 ноември 2020-та година. Од Password Production, пак, го најавуваат и неговиот концерт во Скопје, кој треба да се одржи една година по издавањето на албумот, поточно […]

Твитер блокираше коментар на советникот на Трамп за носењето маски


Социјалната мрежа Твитер вчера го блокираше коментарот на Скот Атлас, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој тој се спротивставува на носењето маски. “Дали маските служат за нешто? Не. Нема смисла да се носат насекаде”, напиша Атлас, кој се приклучи на Белата куќа во август како научен советник. Според правилата на Твитер, луѓето од […]

Гран-при за грчкиот филм „Ветеран“ на фестивалот Киненова


Двете меѓународни жири-комисии ги соопштија наградените филмови во сите натпреварувачки категории на петтото издание на Меѓународниот филмски фестивал „КИНЕНОВА 2020“. Главното фестивалско жири, составено од полскиот режисер Кшиштоф Зануси како претседател, Драгомир Шолев, режисер од Бугарија и Керем Ајан, актуелен директор на Истанбулскиот филмски фестивал, одлучи во категоријата „Меѓународна конкуренција“, наградата Гран-при за најдобар филм […]

Неопходни се одлучни чекори за решавање на долговите, вели директорката на ММФ


Потребно е да се преземат решителни чекори за решавање на проблемот со големите долгови на некои земји  изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, и ги повика доверителите и должниците под итно да почнат разговори за реструктуирање на долгот. Британските медиуми наведуваат дека, според Георгиева, одлуката на членките на Г-20 да ја продолжат […]

Словенија и официјално прогласи епидемија на коронавирус


Словенечката Влада доцна синоќа и официјално прогласи епидемија на коронавирус на целата територија на земјата, што ќе трае 30 дена, почнувајќи од денеска. Ова значи дека националниот план за заштита и спасување е активиран, но не се објавени дополнителни ограничувачки мерки, пренесе словенечката СТА. Според агенцијата, во согласност со регулативата за 30-дневната епидемија, донесена врз […]

Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“


Од денеска до четврток, 22 октомври ќе се одбележува манифестацијата „Отворени денови на Институтот за македоноски јазик „Крсте Мисирков“. Во рамките на оваа манифестација ќе се одбележат 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик, азбука и правопис, и ќе се промовираат најновите изданија од Институтот. Исто така, во амфитеатарот на Институтот, ќе биде промовирана […]

Заев не прифаќа лидерска, следниот месец заминува во Софија на средба со Борисов


Власта не гледа потреба за средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за недоразбирањата со Бугарија. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека доколку на премиерот Зоран Заев му било важно државата да тргне напред, ќе прифател лидерска средба и ќе разговарал за сите отворени прашања. – Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој […]

Неделава ќе се знае дали маските да бидат задолжителни и на отворено


Предлог-мерките за заштита од Ковид-19, како што е задолжително носење маски на отворено, забрането групирање по 22 часот на јавни места за повеќе од четворица и забрана за поголеми семејни собири се веќе доставени во Собранието. Се очекува оваа недела пратениците да ги изгласаат потребните измени во Законот за заштита од заразни болести, и истите […]

Седници на четири собраниски комисии


Во Собранието денеска ќе се одржат седници на комисиите за надорешна политика, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се предлог законите за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за соработка во борбата против […]

Стабилно време и постудени утра, најавува УХМР


Стабилно време со пониски утрински температури најавува Управата за хидрометеоролошки работи за наредниот период. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната од 14 до 21 степен. Во Скопје ќе биде […]

Бејл настапи за Тотенхем по 2.709 дена


Напаѓачот на Тотенхем, Герет Бејл влезе како замена во 5. коло на Премиер лигата против Вест Хем (3:3). Триесет и едногодишниот Велшанец го замени Стивен Бергвајн во 72. минута. За него ова е прв натпревар по враќањето во клубот. Бејл играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година, по што се пресели во Реал Мадрид […]

Ван Дајк ќе мора на операција


Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се здоби со повреда на лигаментите на коленото на вчерашниот натпревар од 5. коло во Премиер лигата против Евертон (2:2). Врз Холанѓанецот ќе мора да се изврши операција, се наведува на веб-страницата на клубот. Времето за закрепнување на фудбалерот сè уште не е соопштено. Да потсетиме, дефанзивецот се повреди […]

Нов најголем дневен пораст на бројот на заразени во Италија


Во Италија од коронавирус се заразени уште 11.705 луѓе, што е за 780 повеќе од вчера, со што е потврден најголемиот дневен пораст на бројот на заболени од почетокот на пандемијата. Од последиците на Ковид-19 починаа уште 69 пациенти, што претставува значаен пораст во однос на вчерашниот ден, кога беа регистрирани 47 смртни случаи. Во […]

Словенија в понеделник ќе прогласи состојба на епидемија


Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека в понеделник ќе биде прогласена 30-дневна епидемија, со построги мерки на национално ниво. Владата рече дека ќе објави епидемија ако земјата помине три индикатори: 14-дневен просек од 140 случаи на 100.000 жители, 250 хоспитализации и 50 на интензивна нега. Тоа се случува откако средните училишта веќе држат […]

Огромна мачка пронајдена врежана во пустина во Наска во Перу


Песочните песоци на југот на Перу, врежани пред многу векови века со геоглифи на колибри, мајмун, орка – и фигура за која многу би сакале да поверуваат дека е астронаут – сега открија форма на огромна мачка што лежи низ пустински рид. Мачката во Наска, датирана помеѓу 200 и 100 г.п.н.е., се појави за време […]

Протести во Прага против рестриктивните мерки, повредени најмалку 20 лица


Чешката полиција употреби денеска солзавец и водени топови со цел да растера стотици демонстранти во Прага кои ја нападнале полицијата по одржаните протести поради новите владини рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Во судирот меѓу демонстрантите и полицијата се повредени најмалку 20 лица. На собирот учествувале повеќе илјади луѓе, меѓу кои фудбалски и […]

Во Албанија 281 новозаразен од 1.276 тестирани


Продолжува да се зголемува бројот на новозаразени во Албанија, но и на дневно направените тестови. – Во изминатите 24 часа од направените 1.276 тестови, позитивен резултат е добиен кај 281 од нив што е околу 23 отсто од тестираните. Најголем број од новодијаганостицираните се од Тирана или 151, потоа Корча 30 и Фиер 18 новозаразени, […]