Турција во Црно Море најде повеќе гас од што се мислеше?


 

Главното наоѓалиште на природен гас кое Турција го откри летоска во Црното Море е поголемо од што се мислеше, рече претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Во август Анкара објави дека открила најголемо наоѓалиште на природен гас во својата историја, проценувајќи ја вредноста на пронајдената количина на „синото злато“ на 320 милијарди кубни метри, пишува Хина.

„Таму има дополнителни 85 милијарди кубни метри, така што резервите на природен гас сега изнесуваат вкупно 450 милијарди кубни метри“, рече Ердоган на бродот за бушење гас „Фатих“ кој полови по Црното Море.

Потврди дека снабдувањето на турските домови со тој гас ќе почне во 2023 година. Неговата најава следи во момент кога Турција зајакнато се труди да се пласира како регионален енергетски авторитет и да ја намали зависноста на земјата од увоз на природен гас, што негативно влијае на нејзината кревка економија, пренесе Индикатор.

Турција годишно троши меѓу 45 и 50 милијарди кубни метри природн гас, а речиси целиот го увезува, најмногу од Русија. Според податоците на регулаторното тело за пазар на енергија (ЕПДК), тоа вкупно изнесува околу 11 милијарди евра.

Паралелно со истражувањата во Црното Море, Анкара ги зајакна иницијативите на Средоземното Море, каде откривањето на огромни резерви природен гас последните години ги поттикна апетитите на сите крајбрежни земји.