Белградската арена од денеска повторно ковид-болница

 

Белградската арена од денеска е привремена болница, која може да прими 510 пациенти да се лечат од Ковид-19.

Медицинскиот директор на привремената болница потполковникот Предраг Богдановиќ рече дека во партерот има 360 легла, а на третата етажа, каде беа ВИП ложите, 150 легла.

Арената има и централен довод на кислород, па така пациентите можат да бидат приклучени на респиратор.

Во моментот во привремената болница работат 10 лекари и 20 медицински сестри кои ги чекаат првите пациенти.

За нив ќе се грижат медицински работници од 15 здравствени установи.

„Арената е планирана за пациенти со средна и средно тешка клиничка слика на кои им е епотребна кислородна терапија“, рече Богдановиќ за Танјуг.

СОбите на галеријата главно се двокреветни, со бањи и имаат кујничка и телевизор.

Во партерот има 40 боксови со по девет лгла и заеднички тоалет.

Во Арената може да се обавуваат лабораториски анализи, снимање на градите и срцето.

За време на првиот бран Арената беше искористена за сместување пациенти, но кога се намали бројот на пациенти кои бараа болничко лекување, центарот беше затворен.