Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Од денеска до четврток, 22 октомври ќе се одбележува манифестацијата „Отворени денови на Институтот за македоноски јазик „Крсте Мисирков“.

Во рамките на оваа манифестација ќе се одбележат 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик, азбука и правопис, и ќе се промовираат најновите изданија од Институтот.

Исто така, во амфитеатарот на Институтот, ќе биде промовирана книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на новинарот на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов, и книгата „Македонски лингвисти“ од Иван Глигоровски.

На отворањето на манифестацијата за денеска најавено е обраќање на директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски и претседателот Стево Пендаровски.

Во вторник и в среда, по повод отворени денови на Институтот, ќе биде отворена Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“, каде поздравни обраќања ќе имаат директорката Јованова-Грујовска,  претседателка на Меѓународниот организациски одбор на Конференцијата Лидија Тантуровска и премиерот Зоран Заев.

В четврток ќе биде прикажана видеочеститка од научниот кадар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.