Словенија в понеделник ќе прогласи состојба на епидемија


Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека в понеделник ќе биде прогласена 30-дневна епидемија, со построги мерки на национално ниво.

Владата рече дека ќе објави епидемија ако земјата помине три индикатори: 14-дневен просек од 140 случаи на 100.000 жители, 250 хоспитализации и 50 на интензивна нега.

Тоа се случува откако средните училишта веќе држат настава само онлајн,  а владата побара од лекарите да ги намалат неитните медицински процедури и да ја поделат земјата во „портокалови“ и „црвени“ региони, во зависност од бројот на инфекции.

Црвените региони се соочуваат со построги мерки на корона вирус, вклучително рестораните да работат само за подигање храна и задолжително носење маска на јавно место.