Ван Дајк ќе мора на операција

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се здоби со повреда на лигаментите на коленото на вчерашниот натпревар од 5. коло во Премиер лигата против Евертон (2:2). Врз Холанѓанецот ќе мора да се изврши операција, се наведува на веб-страницата на клубот.

Времето за закрепнување на фудбалерот сè уште не е соопштено.

Да потсетиме, дефанзивецот се повреди на самиот почеток на натпреварот со Евертон. Голманот Џордан Пикфорд го сруши Ван Дајк во шеснаесетникот. Играчот не можеше да се врати на теренот и беше заменет во 11. минута.